Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Прилози

Над 200 овци кај кои беше потврдена овча сипаница се еутанизирани и закопани

Под надзор на надлежните служби, багер утринава ископа длабока јама на патот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Под надзор на надлежните служби, багер утринава ископа длабока јама на патот меѓу селата Соколарци и Жиганци. Во неа беа закопани повеќе од 200 овци, откако кај нив беше потврдена овча сипаница.

Мерката се спроведува согласно ветеринарно-здравствените протоколи, со цел да се спречи ширењето на болеста и да се заштитат останатите стада во регионот.

Локацијата на која се врши закопувањето на еутаназираните животни ги исполнува сите пропишани услови, објаснува градоначалникот на Општина Чешиново-Облешево, Јорданчо Костадинов. Тој апелира граѓаните да останат смирени и да им дозволат на надлежните институции непречено да ја спроведат постапката.

Реклама

„Сите неопходни активности за најбезбедно отстранување на тие животни од трлото кај сопственикот ќе бидат спроведени во координација со државните институции, со Агенцијата за храна и ветеринарство и со Државниот инспекторат за животна средина“, изјави градоначалникот на Чешиново-Облешево, Јорданчо Костадинов.

Воведени се засилени заштитни мерки, а ветеринарните служби спроведуваат контроли и епидемиолошки надзор. Дел од сточарите велат дека ветеринарни екипи веќе ги посетиле нивните фарми и земале примероци од животните.

„Доаѓаа доктори, земаа крв од моите кози. За среќа, нема ништо. Штом се уништи цело стадо, газдата продаде сè што имаше… Затоа кај нас веќе речиси и нема стока, токму поради ваквите болести“, велат жители на Чешиново-Облешево.

Овчата сипаница е тешко заразно вирусно заболување кое може да предизвика сериозни последици врз сточниот фонд. Болеста најчесто се пренесува преку директен контакт со заразени животни, но и преку контаминирана опрема, волна и други материјали.

Надлежните апелираат до одгледувачите строго да ги почитуваат препораките за биосигурност и веднаш да пријават каква било сомнителна промена кај добитокот.