Реклама

Богдановиќ гостин во вестите на Алфа: Филипче и неговите најблиски продолжуваат да го потонуваат СДСМ под дното.

Бесплатна правна помош – слаба информираност, мала искористеност

Повеќе од 250 хектари земјоделско земјиште изгореа во пожарот во Пробиштип

МВР работи на механизам – казни од „Сејф сити“ и за странските возила

Најмалку 120 доброволци ќе гаснат пожари без пари

„Преку езерото“ годинава од 8-15 јули во Дојран, Струмица и Гевгелија

Демократија на зборови, на дело сосем обратно: И Славјанка Петровска се најде на листата на Венко Филипче за „отстрел“

Нов автопат Скопје-Блаце, изградбата ќе започне во август

Експерти: Со предвемената отплата на еврообврзницата се стабилизра јавниот долг

Димитриеска-Кочоска: Јавните финансии стабилни, даночните приходи растат и се резултат на редовната економска активност

Фаризи: Владата се движи на прав пат и ги исполнува очекувањата на граѓаните

Решен проблемот со лекот за пациентите на дијализа во струшката болница

Прилози

Повеќе од 250 хектари земјоделско земјиште изгореа во пожарот во Пробиштип

Над 250 хектари земјоделско земјиште, пасишта, овоштарници и пчеларници се претворија во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Над 250 хектари земјоделско земјиште, пасишта, овоштарници и пчеларници се претворија во пепел во големиот пожар што во петокот беснееше во пробиштипскиот регион. Зад огнената стихија остана опожарена површина еднаква на околу 350 фудбалски игралишта. Пожарот избувна во атарот на селото Бучиште, каде што целосно изгоре една куќа, а беа оштетени и неколку помошни објекти. Потпомогнат од силниот ветер, огнот потоа брзо се прошири кон атарите на селата Неокази и Ратавици.

„На настанатиот пожар во петокот, има зафатено околу 250 хектари. Главно се земјоделски површини, има нискостеблеста шума и пасишта, зафатени се пчелни семејства, овоштарници, житарици и дел од куќите во село Бучиште“, изјави градоначалникот на Пробиштип, Тони Тоневски.

Општина Пробиштип од денеска го отвори повикот за пријавување на штетите од пожарите. По истекот на рокот, на 15 јули, општинска комисија ќе излезе на терен за да ја утврди фактичката состојба и да ја процени висината на штетите.

Реклама

„Ние како општина имаме формирано комисија која ќе треба да ја утврди настанатата штета и согласно правилникот што го има донесено Општина Пробиштип, ќе биде доставен до Советот. Понатаму ќе биде доставен до Владата, по што граѓаните делумно ќе бидат обештетени од оваа несакана појава“, изјави градоначалникот на Пробиштип, Тони Тоневски.

Минатиот петок беше еден од најтешките денови ова лето за Штип и Пробиштип. Во текот на денот избувнаа четири пожари, меѓу кои и оној на тврдината Исар во Штип. Според првичните индиции, пожарот во пробиштипскиот регион најверојатно настанал од искра предизвикана при работа на земјоделска машина.