Што може потезите на Филипче и неговите најблиски да донесат за партијата? Дали евентуално исклучување на Славјанка Петровска само ќе донесе до уште поголеми поделби? Како политиките на СДСМ влијаат на членството и партискиот рејтинг, на овие теми гостин во вестите на Алфа во 20:15 беше поранешниот градоначалник на Центар и функционер на СДСМ, Саша Богдановиќ.
-Па тоа е еден процес кој што за жал, без разлика што јас веќе не сум дел од СДСМ и веќе предводам нова политичка партија на политичката сцена во Македонија, сепак не посакувам ништо лошо, посакувам се најдобро, но за жал е процес во кој што е тргнат СДСМ, односно раководството на СДСМ, за кое што многу често во минатото сме дискутирале, сме апелариле. Но, очигледно една мала група на луѓе, дали ослепена од моќ, дали од некои други работи кои можеби нас не ни се познати, но едноставно за некои работи што сме слушнале едноставно не сакаат да трпат критика, не сакаат да трпат различно мислење. И дури мислат дека елиминирајќи било каква конкуренција околу себе, мислат дека само така ќе опстанат, па макар и 100 години останале во опозиција, а целта е да дојде на власт за да ги спроведе политиките за кои се залага. И тоа е еден процес кој што е тргнат, изјави Богдановиќ.
Вели дека состојбите ќе дојдат до ова ниво, предупредувал и тој, но и многу други.

-Јас и додека сум бил активен сум апелирал за некои процеси кои што се случувле, за кои што сме губеле гласачко тело, кои што не биле поддржани од граѓаните. И сега вие имате актуелни градоначалници кои што се од редовите на вашата партија, актуелни пратеници, луѓе кои што по функција како пратеник, како градоначалник се членови на највисокото партиско тело, веќе ви излгеуваат во други простории, не во партиските и почнуваат да бараат смени, промени внатре во партијата, односно да бараат нешто да се смени, се со цел за да СДСМ може да се консолидира, бидејќи веќе предолго е врзан за дното. И кога вие не сослушувате, не реагирате на првите прозивки, тие луѓе едноставно ги боли гледаат партијата во која што си го вложиле животот на кое дереџе е дојдена и почнуваат веќе тоа да го прават јавно за да можете да ги чуете. Значи вие до сега кога ви кажувале не сте реагирале, сега кога ви кажуваат јавно, наместо да пружите рака, да видите што е, да сослушате, па макар и нешто да прифатите од тоа, вие продолжувате уште понатаму под дното да го потонете СДСМ.
Вели дека не е добро за партијата, што се елиминираат партиски партиски членови.
-Таму постои една мала група на луѓе, кои што освен што знаат да елиминираат се околу себе за да се заштитат од било каква конкуренција, не знаат да прават ништо друго и на некој начин му ги врзуваат рацетем, односно елиминираат свои партиски другари за да си го заштитат своето место. И неколку пати сум кажал, Венко можеби некогаш има добри намери, но за жал слушајќи ги се вклучува во таа маша, во таа матрица и затоа му се случуваат вакви работи. Почна да се меша во политики на други држави, со политики на друг претседател на држава, како да се опозиција на друго место, почна да етикетира народ на пример од кај што јас припаѓам. И едноставно луѓето почнуваат да се собираат, бидејќи не гледаат веќе благонаглонетост кон таа партија, иако во минатото гласале, сега гледаат опасност од таа партија, дај ќе се реконструираме во некоја друга колона, во некоја друга партија. А тие што ги боли еве преземаат и вакви чекори. И ако не се свести во брзо време, мислам дека имаше едно, во едно интервју го кажа Игор Ивановски, кој што е нели носител прв меѓу тие 30 луѓе кои што беа присутни, ќе го исклучи сам светлото во СДСМ, до тој степен е дојдено, изјави Богдановиќ.
Со Богдановиќ разговаше Матеја Петровски
