Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Бојковска: Во случајот со Алта банка Битола најважно е да се заштитат депозитите на граѓаните и да се заштити финансиската стабилност

Драгана Бојковска, пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната собраниска седница во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Драгана Бојковска, пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната собраниска седница во рамки на Комисијата за финансирање и буџет упати прашање до Илија Андовски, привремен администратор на Алта банка Битола. Таа праша дали банката пред воведување на администрацијата ги исполнувала супервизорските барања, односно кава била фактичката состојба, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

„Моето прашање до Илија Андовски, како привремен администратор на Алта банка Битола е дали Алта банка Битола пред воведување на администрацијата ги исполнувала супервизорските барања. Ова прашање го поставувам затоа што  сметам дека за правилно да го разбереме случајот, најпрво мора да утврдиме каква била фактичката состојба во самата банка во Македонија“, изјави Бојковска и додаде:

„Имаме ситуација во која на Алта банка Белград и е одземена дозволата за работа од страна на српскиот регулатор. Таа банка е мнозински акционер со 95,3% во Алта банка Битола, но сакам да потенцирам нешто суштинско, Алта банка Белград и Алта банка Битола се две одделни правни лица иако се капитално поврзани. Тие работат во две различни држави, под две различни законодавства и под надзор на два различни банкарски регулатори. Затоа проблемот што настанал кај мнозинскиот акционер во Србија, не смее автоматски да се изедначува со финансиската состојба во Македонија“.

Реклама

Во рамки на надзорната расправа Бојковска додаде дека потребно е да се обезбедат проверени информации, а не дополнителна неизвесност за депонентите. Таа посочи дека најважно е да се заштитат депозитите на граѓаните и да се заштити финансиската стабилност.

„Токму тука е значењето на моето прашање. Во официјалното соопштение на Народната банка во 1 ноември беше наведено дека Алта банка Битола е високо капитализирана, ликвидна со солиден квалитет на кредитното портфолио и дека ги исполнува супервизорските стандарди. Но денес од вас како привремен администратор, очекуваме да добиеме и конкретни сознанија за состојбата што сте ја затекнале. Би сакале да се осврнете на капиталната адекватност и ликвидноста, квалитетот на кредитното портфолио, изложеноста кон поврзаните лица и управувањето со ризиците. Зошто ги спомнувам овие показатели? Затоа што постои голема разлика меѓу банка што има сериозни капитални недостатоци и банка кај која би настапил евентуален ризик како последица на проблемите со нејзиниот доминантен акционер. Според јавно објавениот извештај за деветте месеци од 2026 година, Алта банка Битола располага со приближно 180 милиони евра актива и околу 32 милиони евра капитал и резерви. Тоа се показатели според мене што заслужуваат сериозно внимание, но секако не го заменуваат супервизорскиот процес“, рече Бојковска.