Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

ВРЕДИ: Загрижени и згрозени од скандалот со Алта банка, ДУИ да ги разјасни финансиските врски со српскиот бизнис свет

– Денес јавноста беше потресена од информациите за финансиските врски меѓу компании…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Денес јавноста беше потресена од информациите за финансиските врски меѓу компании блиски до семејниот круг на Али Ахмети и белградската Алта банка. Овие случувања отвораат сериозни прашања за улогата на ДУИ, поранешниот министер за финансии Фатмир Бесими и трансакциите за кои се потребни итни одговори, се вели во соопштението од ВРЕДИ.

Во 2023 година, на предлог на тогашниот министер за финансии Фатмир Бесими, Владата предводена од СДСМ и ДУИ ѝ даде согласност на Државната правобранителска служба да постапува во врска со продажбата на државните акции во Стопанска банка Битола, која подоцна беше купена од Алта банка.

Во меѓувреме, компанијата AS Senjak, за која во јавноста се изнесени тврдења за семејна поврзаност со Али Ахмети, се споменува во неколку трансакции кои бараат целосна истрага: во октомври 2024 година стекнала акции во Стопанска банка Битола, во јуни 2025 година компанија во која е косопственик добила кредит од 5 милиони евра од Алта банка, додека во септември 2025 година нејзините акции во оваа банка ѝ биле продадени токму на Алта банка.

Реклама

Али Ахмети и ДУИ мора да одговорат: какви врски имаат со сопственикот на AS Senjak и дали биле запознаени со овие трансакции? И улогата на Фатмир Бесими во одлуките од 2023 година треба да биде предмет на проверка од надлежните институции.

Со години ДУИ го користеше патриотизмот како политички штит. Денес, кога се поставуваат прашања за финансиските односи со српскиот бизнис-свет, наместо одговори, избира да напаѓа по прашањето за полагањето на правосудниот испит на албански јазик и за правичната застапеност.

Но, за албанскиот јазик и правата на Албанците има кој да се грижи. ВЛЕН ги решава овие прашања преку законски решенија и конкретни одлуки. Правосудниот испит на албански јазик станува реалност, а ДУИ не може ова достигнување да го користи како изговор за да ги избегне прашањата за Алта банка.

ВЛЕН бара Јавното обвинителство да ги истражи сите трансакции и улогата на инволвираните лица. Патриотизмот не може да биде штит за приватни интереси. Албанците заслужуваат одговори, а не молк и политичко пренасочување на вниманието.