Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Одбележани 83 години од формирањето на Првата македонско-косовска ударна бригада, Дебрца најавува обнова на спомен-обележјата

Со порака дека слободата е наследена, но споменот на борците мора да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со порака дека слободата е наследена, но споменот на борците мора да се зачува, денеска во Дебрца беа одбележани 83 години од формирањето на Првата македонско-косовска ударна бригада. Покрај потсетувањето на нејзиниот борбен пат и жртвите за ослободувањето, во фокусот на чествувањето беше и потребата од обновување на спомен-обележјата и пренесување на историското паметење на помладите генерации.

Чествувањето започна во селото Сливово, каде што пред спомен-обележјето од Втората светска војна цвеќе положија делегации на Општина Дебрца, предводена од градоначалникот Златко Сиљаноски, на Сојузот на борци, Сојузот на ветерани и ОУ „Дебрца“.

Одбележувањето продолжи со посета на спомен-домот и положување цвеќе пред споменикот на паднатите борци од Народноослободителната борба и жртвите на фашизмот во Белчишта.

Реклама

Градоначалникот Златко Сиљаноски ја истакна улогата на Дебрца во борбата за слобода и во поставувањето на темелите на македонската држава нагласувајќи дека обврска на сегашните генерации е да го зачуваат наследството од борците и да го пренесат на оние што доаѓаат.

– Нашите предци несебично ги дадоа своите животи за слободна Дебрца и слободна Македонија, за ние денес да можеме да живееме пристоен и слободен живот. Нам, како генерација, ни останува тоа наследство да го негуваме и чуваме, но и да оставиме трага по која ќе чекорат идните генерации почитувајќи ги овие историски настани и датуми – рече Сиљаноски.

Тој најави дека Општина Дебрца по три децении ќе започне со целосна обнова и уредување на спомен-собата во Сливово, како и вложувања во реставрација и одржување на историските спомен-обележја на територијата на општината.

– Жал ми е што тоа ќе се случи првпат по триесетина години. Требаше да наследиме уредени споменици и само да ги одржуваме. Сега мораме да ги обновуваме, а на идните генерации да им оставиме наследство за кое ќе се грижат. Ќе ја уредиме и оваа просторија со богато историско минато, за да остане спомен-обележје за сите нас и за оние што доаѓаат по нас – додаде Сиљаноски.

Првата македонско-косовска бригада е формирана на 11 ноември 1943 година кај селото Сливово, во атарот на Општина Дебрца. Броела 700 борци од батаљоните „Мирче Ацев“, Крушевскиот батаљон, Првиот косовско-метохиски батаљон „Рамиз Садику“ и Вториот косовско-метохиски батаљон „Боро Вукмировиќ“. Таа била многунационална воена единица, во чиј состав имало Македонци, Албанци, Срби, Црногорци, Словенци, Италијани.