Во моментот на донесување одлука за издавање на лиценцата на Алта осигурителното друштво биле исполнети сите услови согласно закон, изјави попладнево претседателката на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигирувањето Ели Дракуловска, на надзорната расправа за Алта банка.
Таа рече дека одлуката е донесена едногласно од страна на петмината членови на Советот на експерти на Агенцијата.
Посочи дека Алта осогурителното друштво учествува само со околу 0,16 проценти во вкупниот осигурителен пазар и дека главно давало полиси за автоодговорност три месеци.
На прашање на пратеникот Миле Лефков, кој бараше одговор во однос на шпекулациите во јавноста за наводни траснфери на значителни финансиски средства од Алта банка – Битола кон Србија и Русија, директорот на Управата за финансиско разнузнавање Кујтим Ибиши негираше дека постои такво нешто.

