Ставена под контрола огнената стихија што беснееше во Пробиштипкиот регион. Во село Бучиште една куќа целосно изгоре, а уште неколку се опожарени. нема повредени, причинета е само матрејална штета. Со помош на ветрот огнот брзо се прошири и ги зафати атарите на селата Неокази и Ратавица. Екипи од соседните општини им помагаа на пробиштипските пожарникари, а со багери се правеа пресеци за да се запре огнот.
„Контролирана е линијата од Пробиштип кон Злетово. Дел од пожарот е ставен под контрола, но со променливите ветрови, правец на ветерот, ни задава се уште потешкотии. Сега имаме градежна механизација која се обидува да направи пресек“, изјави Златко Илијев-командир на ДПЕ-Кочани.
Пожарот се гаснеш и од воздух, три ер трактори на Дирекцијата за заштита и спасување им помагаа на пожарникарите. Мештаните со страв го следа огнот кој се доближуваше до селото.

„Како не е опасно оганот?“, вели еден од мештаните.
Освен во Пробиштипско, гореше и во Штип. Пожар ја зафати тврдината Исар, се запали трева во близина на штипската млекара а во близина на село Чардаклија изгоре сончева централа.
