Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Прилози

Смртноста на Детската Клиника намалена за 300%

За 300 проценти е намалена смртноста на најмладите пациенти на Детската Клиника…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За 300 проценти е намалена смртноста на најмладите пациенти на Детската Клиника во последните  две години. Ова е најниската стапка на смртност каj хоспитализирани деца во историјата на Клиниката.  Особено охрабруваат споредбените резултати за првото тромесечје од 2026 кога стапката на смртност изнесувала  0,27 проценти што е најниско ниво во последните 17 години. Највисока стапката на смртност била забележана од 2009 до 2013  кога достигнала 1.54 отсто.

– Анализите покажуваат дека, на пример, во 2015 година процентот на починати пациенти во однос на хоспитализираните пациенти изнесувал 1,51 отсто, додека во 2025 година стапката на смртност паднала на 0,51 процент–истакна директорот на Детската Клинка Реџеп Мемеди

Директорот Мемеди додава дека силниот професионален и човечки мотив, во чиј фокус  секогаш е животот и здравјето на децата, е една од главните причини за намалената смртност..

Реклама

-Ова значително намалување на стапката на смртност, како клучен параметар за квалитетот на медицинските услуги, е резултат на заедничката тимска посветеност и 24-часовниот ангажман на најдобрите експерти по педијатрија и целиот медицински и немедицински персонал на Детска клиника–истакна директорот на Детската Клинка Реџеп Мемеди

Овие позитивни резултати вели директорот Мемеди се и плод на подобрувањето на условите во Клиниката. Во изминатите две години, реализирани се повеќе од 24 капитални проекти и други активности од витално значење за институцијата и здравјето на децата.