Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Прилози

Двата пожара во Штип ја покажаа силата на солидарноста

Во последните два пожара, Штип уште еднаш ја покажа силата на солидарноста. Додека огнот неконтролирано се ширеше, професионалните пожарникари, доброволците и волонтерите дејствуваа како еден тим. Околу стотина луѓе беа на терен, потврдувајќи дека сплотеноста е најсилното оружје против огнот. Голема поддршка на терен беше штипското Доброволно противпожарно друштво, кое со своите теренски возила стигнуваше […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во последните два пожара, Штип уште еднаш ја покажа силата на солидарноста. Додека огнот неконтролирано се ширеше, професионалните пожарникари, доброволците и волонтерите дејствуваа како еден тим. Околу стотина луѓе беа на терен, потврдувајќи дека сплотеноста е најсилното оружје против огнот.

Голема поддршка на терен беше штипското Доброволно противпожарно друштво, кое со своите теренски возила стигнуваше и до најкритичните точки. Постои две години, но неговите членови со години активно им помагаат на пожарникарите при интервенции.

„Последните две до три години имаме учествувано во сите пожари, а претходно и како оф-роуд клуб сме биле логистика на пожарникарите. Преку командирот сме добивале замолница дали сакаме да помогнеме, да однесеме пожарникари до самиот оган. Доколку сме можеле да помогнеме со гасење, сме гаснеле“, изјави Димитар Ташков, командир на штипското Доброволно противпожарно друштво.

Реклама

Иако веќе се важен дел од противпожарниот систем на градот, овие ентузијасти сѐ уште функционираат во приватни простории. Во координација со Општина Штип се спроведуваат обуки, а во тек се и активности за обезбедување соодветен простор во близина на противпожарната служба. Во меѓувреме, очекуваат и вредна донација од странство.

„Преку приватна линија успеавме да обезбедиме донација од Америка. Очекуваме да пристигне наредната недела. Веќе е на царина. Пристигнат е контејнерот со опрема и се надеваме дека наредната недела ќе ја преземеме. Треба да добиеме од 60 до 80 униформи со боци, шлемови и чизми за оган“, изјави Димитар Ташков, командир на ДПД-Штип.

Од ден во ден расте интересот на граѓаните за приклучување кон друштвото, кое брои околу триесетина членови, меѓу кои има и една девојка. Командирот Ташков потенцира дека секој што е психофизички подготвен е добредојден.

„Секој што сака да помогне во гаснењето пожари, за доброто на нашиот град, е добредојден во друштвото. Вратите се отворени за секој што има желба“, изјави командирот на ДПД-Штип, Димитар Ташков.

Во гаснењето на пожарите учествуваа пожарникари и доброволци од Кавадарци, Свети Николе, Пробиштип и Кочани, со што се потврди дека меѓуопштинската соработка има клучна улога во справувањето со огнените стихии.