Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Економија

Дурмиши: Цените се стабилни, ако кризата продолжи и има енормно зголемување, ќе преземеме мерки

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши вели дека цените на основните прехранбени производи се стабилни и дека засега нема потреба од мерки. Доколку кризата продолжи и има енормно зголемување, ќе бидат воведени мерки со цел да им се излезе во пресрет на граѓаните.  – Од 55 најпродавани производи, растот е минимален и изнесува само […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши вели дека цените на основните прехранбени производи се стабилни и дека засега нема потреба од мерки. Доколку кризата продолжи и има енормно зголемување, ќе бидат воведени мерки со цел да им се излезе во пресрет на граѓаните. 

– Од 55 најпродавани производи, растот е минимален и изнесува само 0,43 проценти така што цените се стабилни. Ако забележиме девијантно однесување како што сме постапиле порано, така ќе постапиме и сега. Значи, за 0,43 проценти се зголемени цените што покажува дека имаме стабилни цени, рече Дурмиши одговарајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата на која беше презентиран Оперативниот план за вработување за 2026 година. 

Вели дека ако кризата продолжи и има енормно зголемување на цените, тогаш ќе се воведат мерки, а една од опциите е намалување на ДДВ-то.

Реклама

Во однос на инфлацијата, Дуршими вели дека имаме пониска инфлација од други држави и дека мерките што се преземени досега, даваат резултати. До крајот на неделава очекува Државниот завод за статистика да излезе со нови информации околу инфлацијата.