Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Економија

Владата го усвои оперативниот план за поддршка за вработување на над 10 илјади граѓани, режок над 40 милиони евра

Државата со 10.000 евра ќе ги поддржи младите до 29 години за отворање бизнис. Но, доколку млад човек од странство сака да се врати во земјата и да отвори бизнис со желба за трајна преслеба во Македонија ќе добие дополнители 10 проценти. Во вкупниот износ од 40 милиони евра кои се предвидени за раст на […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Државата со 10.000 евра ќе ги поддржи младите до 29 години за отворање бизнис. Но, доколку млад човек од странство сака да се врати во земјата и да отвори бизнис со желба за трајна преслеба во Македонија ќе добие дополнители 10 проценти. Во вкупниот износ од 40 милиони евра кои се предвидени за раст на вработеноста и подигнување на животниот стандард има предвидено средства и за малите и средни компании кои ќе отворат нови работни места и ќе може да сметаат на приближно 40.000 евра. Поддршка ќе има и за преквалификација, довалификација како и за ранливите граѓани, доглорочно невработените лица. Планот има за цел раст и конкурентност на македонската економија.

„Обезбедуваме средства за практиканство, обуки за дефицитарни занимања, обука за возачи, стекнување стручни квалификации и прекцалификации согласно потребите на пазарот на трудот. Продолжуваме со исплата на младинскиот додаток од 300 денари како директна поддршка на младите вработени во производствените дејности. Сите млади до 23 години кои се вработени во производствени дејности, надвор од плата која ја земаат ќе добијат 3000 денари од Владата“, рече Бесар Дурмиши, министерот за Економија.

„Во овој оперативен план е создржана и мерката раст на правни субјекти со кој се поддржува креирање на нови работни места во микро мали претпријатија, занетчиски препријатија и невладинит организации, при тоа главен фокус ни е да овозоможиме врабоптување на најранливите категории н апазарот на трудот“, дополни Аднан Ејуп, директор на АВРМ

Реклама

Намалувањето на бројот на невработените е дел и од обврската презвземена од реформската агенда. преку посбни тимови составени од МВР, Трудова инспекција, и АВРМ ќе се бараат работници на црно кои се евидентираат како невработени, но и невработените кои користат државна помош ило други бенифиции од државата. Како казна се предлага и трајна забрана за пријавување како невработени лица.  

„Сите луѓе што се евидентирани и земаат социјална помош, а од друга страна ќе бидат најдени дека работат на црно ќе бидат извадени од АВРМ како невработени лица. Треба да направиме и измени на законот, каде што ќе и даде можност на АВРМ да ги извади од листата на невработени лица“, додаде Дурмиши.

 
Министерот Дурмиши потврди и дека тие ја следат економнската состојба во земјава. Според последните информации, цените на основните прехрамбени производи имаат благо покачување од половина процент, а ако има потреба најави мерки како намалување на ДДВ за основните прехранбени производи доколку поскапат, со цел заштита на стандардот на граѓаните.