Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Економија

Министерот Хоџа го отвори МЕФ 2026 и повика на забрзана зелена транзиција на регионот

Министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа се обрати на отворањето на Македонскиот енергетски форум 2026, кој годинава се одржува како официјален партнерски настан на иницијативата „Road to COP31“. Во своето обраќање, министерот Хоџа истакна дека енергетската безбедност и климатската отпорност денес се тесно поврзани предизвици и нагласи дека форумот претставува важна платформа […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа се обрати на отворањето на Македонскиот енергетски форум 2026, кој годинава се одржува како официјален партнерски настан на иницијативата „Road to COP31“.

Во своето обраќање, министерот Хоџа истакна дека енергетската безбедност и климатската отпорност денес се тесно поврзани предизвици и нагласи дека форумот претставува важна платформа за отворање на клучните прашања и за изнаоѓање конкретни решенија за енергетската транзиција.

-Климатските промени веќе ги чувствуваме преку суши, пожари, топлотни бранови и зголемена енергетска неизвесност. Затоа денес не зборуваме само за стратегии, туку за безбедност, стабилност и квалитет на животот на граѓаните – порача министерот Хоџа.

Реклама

Тој нагласи дека Македонија останува силно посветена на Зелената агенда и европските климатски цели, но дека нивното исполнување бара соработка, инвестиции и заедничка акција. Според него, MEF има посебна важност бидејќи создава простор за регионална соработка со конкретни проекти.

– Време е Западен Балкан да не биде само дел од разговорите за климатската иднина, туку и активен учесник во решенијата. Потребни се храбри и одговорни одлуки, претворање на политиките во инвестиции и остварување на визијата за зелена транзиција во реалност што ќе ја почувствуваат сите граѓани – истакна министерот.

На крајот од обраќањето, министерот изрази уверување дека препораките од овогодинешниот Форум ќе дадат значаен придонес кон глобалната климатска агенда и процесот на подготовка на COP31.