Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Економија

РКЕ: Дизелот поефтинува за 6,5 денари по литар, бензините поскапуваат за половина денар

Драстиично поефтиување на дизелот, бензинот минимално се покачува. Македонија останува со најниски цени на горивата во регионот. Новите пресметки од Регулаторна потврдија дека раѓаните ќе точат поефтин дизел за 6.5 денари, додека пак бензините поскапуваат само за половина денари по литар. Цената на бензинот од 95 октани ќе изнесува, 88 денари, на 98 октани, 90, […]

Сподели:

Драстиично поефтиување на дизелот, бензинот минимално се покачува. Македонија останува со најниски цени на горивата во регионот. Новите пресметки од Регулаторна потврдија дека раѓаните ќе точат поефтин дизел за 6.5 денари, додека пак бензините поскапуваат само за половина денари по литар. Цената на бензинот од 95 октани ќе изнесува, 88 денари, на 98 октани, 90, дизел горивото ќе се продава по цена од  85,5 денари. Поевтина цена имаат и мазутот и екстра лесното масло за домаќинство  87,5, додека Мазутот по цена од 47,906 денари за килограм.   

Иако владата го врати ДДВ-то на бензините на 18%, одлуката не влијаеше на цените на бензинот, бидејќи продолжува мерката: намалена акциза за горивата до средина на месецов.

Во меѓувреме стигна и потврда од ОКТА за продолжување на попустот и од нивна страна од 2 денари по литар. Во Бугарија цените на горивата се за околу 3 денари поскапи, исто како и во Босна и Херцеговина. Помеѓу 100 и 120 денари по литар се продаваат нафтените деривати во Црна Гора, Хрватска, Србија. Највисоки цени во регионот имаат Албанија и Грција.

Реклама

Токму поради најниските цени, граѓани од соседните држави масовно точеа бензин на пограничните бензински станици, а овие денови потрошувачката поради оваа појава била драстично зголемена информираа од бензиските станици. На светските берзи има благо зголемување на цените за околу 3% во очекување на разрешување на кризата на Блискиот исток и заклучување на мировниот договор помеѓу САД и Иран.