Реклама

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Македонија

60 илјади вработени останаа без февруарската плата чекајќи го петиот владин пакет антикризни мерки

Работниците ќе се изначекаат за да ја добијат февруарската плата. Законот за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Работниците ќе се изначекаат за да ја добијат февруарската плата. Законот за финансиска помош на компаниите од 14.500 денари и повеќе по работник се уште е заглавен во собранието. Седницата е закажана дури за 23-ти март, па околу 60 илјади вработени најверојатно ќе примат пари за сработеното во април, односно со еден месец задоцнување. Министерот за економија Крешник Бектеши прстот го впери во опозицијата. Таа ги кочела законите во собранието со кои се уредува помошта за 5-тиот, но дел и за 4-тиот сет антикризни мерки.

„Во Собранието сѐ уште има недонесени закони за реализирање на четвртите пакет мерки. Четвртиот сет економски мерки ги даде своите резултати, но треба да се има предвид дека во Собранието уште стојат законски решенија кои се во Комисијата за финансии во делот на докапитализација на македонската банка за развој, но истовремено и во делот на новата мерка за воведување гаранција за извозно ориентираните компании и зголемување на капацитетот на Развојната банка за бескаматни кредити за сите наши компании. Опозицијата ги толкува бројките како што сака. Ги повикувам да ги поддржат сите законски решенија. Ако не ги сакаат овие, нека понудат алтернативи, за да ги подобриме законските решенија, а не да блокираат“, рече Бектеши.

За опозицијата пак забелешките на кои подолг период алармирале биле реални. Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека ќе ги поддржат законите за мерките од 5-тиот сет, но загрижувала неажурноста на власта. Прашува зошто се чекало цел месец законите да се стават на дневен ред.

Реклама

Ние ќе ги поддржиме овие закони дури и во ваква форма каква што се. Многу повеќе треба да се издвојува за компаниите. Ненавремената реакција ќе има далекусежни реперкусии за економијата. Ние како опозиција постојано ја поддржуваме економијата, а а бидејќи во овие закони има помош за граѓаните, го повикуваме мнозинството побрзо да се достават на дневен ред. Седницата е тек следната недела, а загрижува таа неагилност“, рече Муцунски.

Власта тешко обезбедува кворум во собранието, па затоа гласањето на бројни закони останува заглавено во законодавниот дом. И додека политичките партии се препукуваат, бизнисмените уште еднаш алармираа час поскоро да се донесат мерките за да може да се подели февруарската плата. Помош е предвидена уште за исплата на платата за март. Потоа ваков вид на субвенции ќе нема. Од Владата во неколку наврати напоменаа дека за такво нешто нема потреба бидејќи стопанството полека закрепнува. Сепак, бројките го покажуваат спротивното. Од стартот на пандемијата 18 илјади работници останаа без работа, од кои 1.000 само во февруари годинава.

Тања Попова