Реклама

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

Македонија

180 000 евра гаранција доволни за домашен притвор на Јанева

Катица Јанева прво барала да се брани од слобода, но судот одбил.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Катица Јанева прво барала да се брани од слобода, но судот одбил. Потоа барала да биде трансферирана од притвор во Шутка во домашен притвор, за ваквото барање таа приложила гаранција од 180 000 евра и барањето и било одобрено, велат од Апелација за Алфа.

Според апелациониот суд првото барање на екс специјалната обвинителка за да се брани од слобода било неприфатливо оти гаранција која ја нудела Јанева била мала за делото за кое е обвинета односно кривично дело – злоупотреба на службената положба и овластувањата како Специјален јавен обвинител.

Па на второто барање одговориле позитивно, оти барала домашен притвор.

Реклама

Од судот појаснуваат дека со куќниот притвор Јанева не е слободен граѓанин и оти МВР ќе има 24-часовен надзор врз неа. Улога за позитивнот одговор од судот играле и лекарските извештаи каде било наведено дека има здравствени проблеми како и тоа што веќе има обвиненија за инволвираните во Рекет. Сепак на поранешната обвинителка на сега распаднатото СЈО и е забрането да комуницира со вмешаните во случајот и одземена и е патната исправа.

Одлуката за ублажување на мерката против Јанева ќе биде јавно објавена, но јавноста ќе ги нема на увид доказите за нејзината здравствена состојба, што се заштитени како лични податоци.

Јанева пред два дена со качулка на главата и марама на рацете беше транспортирана од притворот во Шутка во станот на син и Лазар, во јавноста се уште постојат сомнежите дали жената под качулката навистина била Јанева оти е несвојствено за неа таквото маскирање, особено ако се земе предвод дека кога беше приведена воопшто не се криеше, ниту пак кога беше на увид на доказите во обвинителството.