Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Прилози

13 заразени со западно-нилска треска,тројца пациенти се во критична состојба

Тројца пациенти се во критична состојба на инфективната клиника заразени со вирусот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Тројца пациенти се во критична состојба на инфективната клиника заразени со вирусот на западно- нилска треска. Надлежните велат дека тие се приклучени на респиратор и нивната состојба е критична и постојано се следи. Директорот на клиниката Др Цана вели дека во текот на денот нема нови случаи на пријавени со симптоми на Западно-нилска треска:

-На универзитетската клиника за инфективни болести во моментов се хоспитализирани 10 пациенти со лабораториски потврдена инфекција со вирусот западно нилска треска. За жал сега од двајца се тројца пациенти во критична состојба, интубирани и се лекуваат на механичка вентилација во одделот за интензивно лекување. Останатите пациенти се под постојан медицински надзор–истакна директорот на инфективна др. Фадил Цана.

На ифективна, вкупно се примени десет пациенти кои имаат потешки симптоми на болеста. Најголемиот дел се повозрасни со коморбидитети, а повеќето од нив се заразиле во државава.

Реклама

Епидемиолозите велат дека нема причина за загриженост за епидемија, но сепак велат дека здравствените инстутуции треба да ја следат состојбата. Не исклучуваат да има и нагло зголемување на нови случаи но и тешки форми на болеста.

Од епидемиолошки аспект најважно е е јавноста правилно да го разбере ризикот. Во наредните недели можно е да се регистрираат уште поединечни случаи, значи не се работи за епидемија, за поединечни случаи, бидејќи сезоната на комарците сеуште трае, тоа не значи дека треба да очекуваме нагло зголемување на бројот на тешки форми, зашто кај најголемиот дел од инфицираните инфекцијата поминува без симптоми–истакна епидемилогот др. Драган Даниловски.

Додаваат дека за малите деца нема причини за загриженост но треба да се внимава да немаат убоди од комарци. Причината за автохтоните случаи на вирусот кај нас е дека веќе има циркулација на вирусот кој е воспоставен меѓу птиците и комарците.

-Овој вирус одамна го имаме ние кај нас, меѓутоа проблемот е што од пред извесно време се јавија тигрестите комарци, за разлика од нашите домашни комарци, овие касаат, бодат по цел ден, 24 часа и се исклучително агресивни и тоа исто така е една од причините–истакна епидемилогот др. Драган Даниловски.

Лекарите велат дека најдобрата заштита е да внимаваме да немаме убод од инфициран комарец. Министерството исто така апелира граѓаните да се заштитатуваат со користење на репеленти, соодветна облека, и отстранување на застоената вода. Годинава има околу 20 проценти со болести што ги пренеуваат инфицирани комарци а најмногу се со западно-нилска треска.  Поради актуелната епидемиолошка состојба центарот за јавно здравје спроведе вонредна земјена дезинсекција против комарци во текот на ноќта.Тоа го прават и општинините во Скопје.