Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

📷 Се развеаја знамињата, ечи македонска песна: Коњаниците пристигнаа во Ѓорче Петров

Се развеаја знамињата, ечи македонска песна. Коњаниците пристигнаа во скопско Ѓорче Петров.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Се развеаја знамињата, ечи македонска песна. Коњаниците пристигнаа во скопско Ѓорче Петров.

Започна маршот на здружената Коњаница „Бигорски Манастир Патот на Црешовото Топче“.

Традиционалниот хепенинг ќе се оддржи во паркот во Ѓорче Петров во 18:30 часот, каде со пригодни обраќања за подршка на современите Илинденци ќе настапат организаторите, пратеници и градоначалници.

Реклама

Предвидена е и соодветна музичка програма и настап на македонски фолклорни друштва, пејачи и ди-џеи.

Маршот на коњаницата се одвива традиционално по 16-ти пат, прв пат се одржа 2010 година како иницијатива на група граѓани ентузијасти и поддржувачи на револуционерното минато.

Здружената Коњаница „Бигорски Манастир Патот на Црешовото Топче“ ја сочинуваат коњаници од Гостиварско, Скопје, „Илинден“ с. Радово-Струмица, „Костурска чета“ – Битола, коњаници од Крушево, Демир Хисар, Кавадарци, Кичево и Штип.

2025 година по 16-ти пат коњаниците тргаат за Крушево, светилникот на македонскиот непокор, каде на 2 август 2025 година во рамките на свечeностите на Мечкин Камен по повод „10 дена Крушевска Република“, ќе оддадат должна почит на македонските херои паднати за слободата на Македонија.