Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Прилози

🎥 Повредени во пожарот во Кочани примија ПРП-терапија во кочанската болница, веќе не мора да патуваат до Скопје

Сите здравствени потреби на повредените во дискотеката Пулс,односно од третман на изгореници,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сите здравствени потреби на повредените во дискотеката Пулс,односно од третман на изгореници, физикална терапија, психо-социјална поддршка  ќе бидат на сметка на државата и ќе се вршат во кочанската Општа болница. Централна точка за комуникација со здравствените власти и повредените останува д-р Катерина  Мирчовска и  конзелијарниот тим во болницата. Иако почетниот план беше најголем дел од здравствената нега се одвива во Скопје,  по препорака на експертите и по барањето на пациентите физикалната терапија и ПРП терапијата се префрлени во Кочани. Директорот на Фондот за здравство апелираше пациентите и нивните семејства да не избрзуваат во врска со третманите…

   „Пристапот дека ништо не се прави создава едена несигурност кај повредените I нивните семејства и веќе имат притисок да брзат, барат консултации надвор од воспоставените доктрини и протоколи за третман на изгореници. Сакам да апелирам, да има една смиреност кај повредените и нивните семејства. Имаме една комплетна посветеност кон нив и дека сме во комуникација со соодветните центри за изгореници„ рече Сашо Клековски, директор на Фондот за здравствено осигурување.

Клековски, посочи дека лекувањето  е покриено на сите повредени, вклучително и на тие шестмина кои немале здравствено осигурување. Меѓу повредените има и ученици и наскоро Министерството за образование ќе излезе со став за нивното школување. Поради војната лекарите од Израел, се спречени да дојдат, но затоа пак деновиве ќе пристигне експерт за ампутации од Словенија. Што се однесува до компресивната облека таа треба да се носи две години, а поаѓањето на првата група на повредени во Пониква  е одложено до крајот на оваа недела, по барање на пациентите кои примиле ПРП терапија.

Реклама

   „Заминувањето на Пониква, е на доброволна основа. Физикалната терапија и другите терапии ќе си бидат достапни во болницата во Кочани. Не правиме преместување на третманот од Кочани, на Пониква, туку сметаме дека низ една социјализација ќе им помогнема на повредените, а на семејствата ќе им дадеме можност и време да може да се организираат за понатаму„ рече Клековски

 Во моментот пет пациенти се уште се лекуваат во странтво, петмина на клиниките во Скопје, а една пациентка е се уште во тешка здравствена состојба. Во однос на  тоа дека состојбата во кочанската Општа  болница е катастрофалната Клековски, рече дека не станува збор за гранапче, туку за сериозна здравствена институциија со 4милион евра буџет, во која работат 50 лекари и 100медицински сестри.