Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Македонија

🎥 Попов: Меѓународниот ден на младите – ден кој оваа година го одбележуваме исполнети со надеж и мотивација за работа кон подобра иднина

Дозволете ми да ви го честитам Меѓународниот ден на младите – ден…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дозволете ми да ви го честитам Меѓународниот ден на младите – ден кој оваа година го одбележуваме исполнети со надеж и мотивација за работа кон подобра иднина, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од прес-конференцијата на Сергеј Попов, пратеник и претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

Во изминатата година покажавме дека младите можат и знаат да бидат клучни во креирањето политики, носители на нови идеи и предводници на развојот. Како нова генерација во политиката, решивме да преземеме одговорност и самите да направиме институциите да работат во корист на секој еден млад човек.

Преку активен ангажман во Собранието, Владата, Министерствата и Општините, го ставивме младинското прашање во центарот и реализиравме конкретни мерки: поддршка за младинското претприемништво, грантови за бизниси, помош за млади брачни парови и семејства, зголемени стипендии, ваучери за електронски уреди, нови работни места, инвестиции во спорт и здрав живот и многу други работи. Ова е само почеток, а владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе испорачува непречено и во континуитет, за она кое нам ни е најважно – иднината на младите, на Македонија и македонскиот народ.

Реклама

Почитувани,

Како најголема политичка младина во Македонија, секогаш ќе служиме како обединувачка сила, мост за надминување на несогласувањата помеѓу младите, како платформа за реализација на сите ваши идеи и визии за подобро македонско општество.

Ќе продолжиме да ја слушаме секоја ваша мисла, да ја претвориме во акција и да работиме за тоа младите да имаат еднаква шанса за успех.

Нашата цел е јасна – да изградиме држава во која младите остануваат, а не заминуваат, во која талентот, идеите и трудот се наградуваат, а секој млад човек ќе ја гледа иднината овде во Република Македонија.