Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Македонија

🎥 Петрушевски: СДСМ го зароби обвинителството преку главниот обвинител Коцевски, не одговараат затоа што го држат на функција

Изјава на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски: „СДСМ го зароби обвинителството преку…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Изјава на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски:

„СДСМ го зароби обвинителството преку главниот обвинител Коцевски, не одговараат затоа што го држат на функција.

Главниот обвинител Коцевски е кукла во рацете на СДСМ, тој таа улога сам си ја избра во моментот кога не си поднесе сам оставка, и чекаше СДСМ да му дадат сламка за спас во Собранието.

Реклама

Главниот обвинител Коцевски доби црвен картон во Собранието со изгласаната интерпелација, и наместо да покаже одговорност и да си поднесе оставка, тој избра по секоја цена да седи во удобната фотеља и да ги штити СДСМ од одговорност.

Главниот обвинител Коцевски не може да каже дека не знаел во каква игра влегол, ниту да каже дека бил наседнат, многу свесно ја презема улогата на заштитник на криминалите на СДСМ.

И сосема е јасно зошто година ипол нема ниту еден завршен случај за фукционери од СДСМ кои 7 години ја крадеа државата.

Штетата која главниот обвинител Коцевски и СДСМ ја прават врз правосудството е огромна, со уништување на секаква доверба и интегритет. Одговорноста за ова мора да сносат.“