Температурите рушат рекорди деновиве. Живата во термометарот се искачува над 40-тиот степен веќе неколку дена, а најжешкото допрва не чека – во петок и сабота. Високите температури, екстремно сувото време, но и топлиот ветер буквално ја горат Македонија.
И покрај сите напори, пожарите низ државата не попуштаат, а за дел од нив постојат сомнежи дека намерно се подметнуваат. Нов голем пожар изби кај Преспанското Езеро, а директорот на Дирекцијата за заштита и спасување се сомнева дека некој намерно го предизвикал. Огнот е ставен под контрола, но направена е голема штета на овоштарниците.
