Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

🎥 Манасиевски: Грантот од Еразмус + на фамозната фризерница првенствено бил одбиен, па Димова ургирала и го преиначиле во одобрен

Грантот од Еразмус + на фамозната фризерница првенствено бил одбиен, па Димова…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Грантот од Еразмус + на фамозната фризерница првенствено бил одбиен, па Димова ургирала и го преиначиле во одобрен, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од прес-конференцијата Валентин Манасиевски.

Преку свиркачи, добивме информација за која СДСМ и Димова треба да одговорат, а тоа дека еден од проектите на фризерницата која има добиено 270 илјади евра преку Еразмус +, бил првенствено одбиен, па потоа одобрен.

Дали е точна информацијата, дека раководителката на одделението за буџетска контрола во Еразмус +, Маја Колеќеска, вработена од страна на Лидија Димова, лично интервенирала за овој проект? 

Реклама

Ако е точна оваа теза, треба да се постави и прашањето, зошто фирмата на Златковски В.Е.З. Трејд била одбиена, па потоа прифатена? Дали блискоста на триото Колеќеска-Димова-Златковски довело до злоупотребување на службената положба, и грантот од одбиен, станал одобрен. 

Исто така, дали овој проект бил пониско рангиран од останатите кои имале повеќе бодови, меѓутоа бил одобрен поради блискоста на Димова и Златковски, која можеме да ја видиме на оваа фотографија?

Лицемерно е СДСМ да зборува за криминал и корупција, кога тие се предвесници на криминалот и корупцијата. За СДСМ никогаш нема одговорност, затоа што тие купуваат судии, потплаќаат обвинители, даваат грантови на професори и нивни активисти.

Затоа, народот кога ќе ја слушне кратеницата СДСМ, првата асоцијација им е криминал и корупција.