Реклама
Македонија

🎥 Македонското образование во чекор со светските трендови

Од први септември средношколците ќе учат со помош на алатка за вештачка…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од први септември средношколците ќе учат со помош на алатка за вештачка интелегенција. Министерството за образование и наука, по склучен договор со приватната високообразовна установа “Brainster” ќе ја интегрираат вештачката интелегенција во наставните програми по сите предмети во средните училишта во државата.

Најголемата придобивка која учениците според мене ќе ја стекнат од употребата на вештачката интелегенција во наставните програми, што ќе развива првенствено креативно мислење односно ќе ги натерат да мислат и што ќе им овозможи да го вежбаат она што на нашите деца да речеме според ПИСА тестирањето им недостастува. Но за се ова да се направи треба државата да има капацитет. Ние имаме одлични информатички факултети, но секоја друга помош е добредојдено затоа што немаме време. Она што требало да се направи во изминатите 7 – 10 години не е направено“, изјави Весна Јаневска –Министер за образование.

Готов распоред на часови во рок од неколку секунди, распоред на наставници, наставни ливчиња, тестови и вежби, решавање на задачи и одговарање на прашања. Вештачката интелегенција може да ја користат и наставниците и учениците во решавање на предизвиците со програмите во училиштата.

Реклама

„Задоволствата не само на средношколците туку и на родителите, затоа што почнуваат со тренинг порано, отколку што треба да почнуваат, според нас, тренингот за средношколците, треба да почне од 14 години, не на 24 години. Нивните врсници кои се талентирани во фудбал и во кошарка почнуваат со тренинг, од 5 или од 7 години. Треба нашите средношколци барем од 14, 15 години да почнеме да ги тренираме за тие професии за вештачка интелегенција“, изјави Петар Ниновски-основач на Brainster.

Додека веќе на факултетот за информатика во Штип се подготвуват насоки и обуки за наставниците во однос на наставната програма, во Битола во регионалниот центар за средно стручно образование се воведува посебен смер за вештачка интелегенција. Дополниелно од септември после многугодишниот дефицит на учебници,  нови книги по англиски, германски, француски и италијански ќе има за сите ученици низ државата. Претходно од Министерството за образование најавија дека од први септември ќе има хартиени печатени книги за сите ученици од страна на бирото за образование и поедини автори.

Мила Тодорова