Реклама
Прилози

🎥 Чешки хеликоптер и шеесетина словенечки пожарникари – дополнителна помош во гасењето на пожарите

Чешкиот хеликоптер Блек Хок , полета кон огнената стихија на планината Готен.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Чешкиот хеликоптер Блек Хок , полета кон огнената стихија на планината Готен. Со таканаречени „бoмби„ резервоар со капацитет од над 3400литри вода  се вклучи во гаснење на пожарот од беровска страна. Покрај поддршка од Чешка, Македонија, помош доби и од Словенија.  На стадионот во Берово, своја опрема поставија  61 пожарникари кои пристигнаа со 18 возила и специјализирана опрема за гаснење на шумски пожари во непристапен терен. Се  анализара терренот, по што ќе се вклучат во акција.  На Малешевските планини, состојбата е критична. Пламенот се движи во правец на беровското село Владимирово. Надлежните смируваат дека не постои опасност огнот да го зафати селото.

   „Се прават напори да се направи бариера, препрека со која ќе биде совладан огнот. Се прави стратегија како овде да се спречи огнот да не се рашири по шумата или да го зафати населеното место Владимирово„ изјави Звонко Пекевски, градоначалник на Берово.

По неколкудневната битка со огнот за да се спасат   радовишките села Подареш, Јаргулица и Покрајчево, огнената стихија на планината Готен, од страната на Радовиш, е ставена под контрола. Поради стабилизирање на состојбата намалени се  човечките ресурси, но на терен остануваат пинцгауери, хермелини и бтр-те кои  со својата моќност ќе ја чуват планината од огнот  повторно да не се распламти…  

Реклама

  „На линијата на реиторијата на Радовиш и денеска имаме припадници на АРМ. Припадниците на ЕБР доцна синоќа ги ослободивме. Екупажите на специјализираните возила ни се тука. Дел од тие возила ни сес употребени  онаму каде треба, а останатите се на готовс, да се приклучат доколку има потреба од нив. Сликата денес во однос што беше вчера утро е различна, односно 100 на 0„ изјави Кире Михаилов, од Национални шуми.

Страотна е глетката на планината Готен и Малешевските планини. Јагленосани дрва, пеплосана вегетација, изгорен дивеч. Огнената стихија остави пустош позади себе.  Штетите  и опожарените површини допрва ќе се анализираат и утврдуваат. Освен на овие планини се уште се активни пожарите на територијата на Прилеп и Кавадарци, додека под контрола се ставени  пожарите на планините Серта и Плачковица.