Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Македонија

ЈП „Комунална хигиена“ Скопје: Во март отстранети 2 315 кубни метри отпад од диви депонии 

Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на март подигнале и транспортирале…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на март подигнале и транспортирале 14 086 тони мешан комунален отпад од домаќинствата на територијата на градот Скопје, а отстранети се и 2 315 кубни метри мешан комунален, кабаст и градежен отпад одожени на јавни и сообраќајни површини во сите скопски општини.

Најголемо количество непрописно одложен отпад – 540 кубни метри се подигнати во општината Карпош.

Од ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, информираат дека продолжуваат со одржување на јавната хигиена на скопските булевари, како и улиците што се во надлежност на Градот Скопје.

Реклама

-Секојдневно, во три смени, се спроведува машинско и рачно метење на плоштадот и улицата Македонија, помалите плоштади Филип Втори, Мајка Тереза и Богородица, пешачките мостови во централното градско подрачје, пешачките патеки и тротоарите на мостовите „Гоце Делчев”, и „Слобода”, како и Старата скопска чаршија. Претпријатието го започна и сезонското машинско миење со употреба на автоцистерни што секојдневно се реализира во доцните вечерни часови – се вели во соопштението. 

ЈП „Комунална хигиена“-Скопје во текот на март информира дека се реализирани еко-предавања и работилници во скопските училишта, во чиишто рамки 232 ученика биле запознати како преку правилното постапување со отпадот и примарната селекција да ја заштитат својата животна околина.