Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Македонија

Јавен апел на Судскиот совет до новинарите и медиумите за избегнување на неосновано именување и таргетирање на судии

Судскиот совет на Македонија упатува јавен апел до новинарите и медиумите на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Судскиот совет на Македонија упатува јавен апел до новинарите и медиумите на избегнување на неосновано именување и таргетирање на судии бидејќи личното посочување на судии без јасен и оправдан јавен интерес може да доведе до притисок и нарушување на нивната независност, се вели во соопштението од Судскиот совет.

До Судскиот совет на Македонија во изминатиот период стигнува информации за новинарски текстови и објави во кои се именуваат конкретни судии и се посочуваат конкретни судски предмети што се во тек, при што не е јасно утврден јавниот интерес, особено кога станува збор за спорови помеѓу приватни субјекти. Во вакви случаи постои оправдан страв дека единствената цел на ваквото известување може да биде создавање притисок врз судијата или судиите кои постапуваат по предметот во различни фази од постапката.

Истовремено, сведоци сме на известување за судски предмети и постапки кои будат огромен јавен интерес, па Судскиот совет ја потсетува јавноста и медиумите дека известувањето за судски постапки е од исклучително значење за транспарентноста и довербата во правосудниот систем, но дека истовремено, тоа мора да се врши со почитување на професионалните стандарди утврдени во Кодексот на новинарите на Македонија, како и согласно Насоките за етичко известување на онлајн медиумите.

Реклама

Апелираме на избегнување на неосновано именување и таргетирање на судии бидејќи личното посочување на судии без јасен и оправдан јавен интерес може да доведе до притисок и нарушување на нивната независност. Исто така, апелираме на разграничување меѓу јавен интерес и сензационализам особено во онлајн медиумите, каде брзината на објавување не смее да биде на сметка на точноста и етичноста.

Судскиот совет повикува на одговорност во дигиталниот простор особено од страна на онлајн медиумите. Насловите, коментарите и споделувањата на социјалните мрежи не смеат да создаваат дополнителен притисок врз судот или да ја доведуваат јавноста во заблуда. Притоа, потсетуваме и на праксата на Европскиот суд за човекови права по однос на одговорноста за коментари на објавите кои поттикнуваат говор на омраза.

Судскиот совет нагласува дека слободата на изразување, истражувачкото новинарство и критичкото известување се темелни вредности на едно демократско општество и тие имаат наша целосна поддршка. Токму затоа, од особена важност е тие да се практикуваат во рамки на професионалните стандарди, со цел да се зачува рамнотежата помеѓу транспарентноста и правото на фер и независно судење. Само преку заемна почит и професионален пристап можеме да придонесеме кон зајакнување на довербата на граѓаните во правосудниот систем и во медиумите.