Реклама

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Дури 11 пријавени нови случаи на ХИВ-СИДА за само 15 дена од месец јули

По цели седум години, министерот Муцунски ги собира македонските амбасадори во Скопје на консултации

Тревога – Македонија се наоѓа во зона на висок ризик од пожари: И најмало жарче може да предизвика невидена катастрофа

Почнува трката за индекс- тече првиот уписен рок на најголемиот Универзитет во државата „Свети Кирил и Методиј“

Се чека само потписот за да потече гасот: Од септември Македонија станува дел од Вертикалниот гасен коридор

Венко Филипче е во штабот на СДСМ: По 12 дена конечно познато каде е, летниот одмор најстрого чувана тајна

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

Македонија

Јаневска за незаконските уписи на Филозофскиот факултет: Сериозно ќе го разгледам извештајот и ќе постапам како што одлучил Инспекторатот

Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска го очекува извештајот за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска го очекува извештајот за нерегуларностите утврдени на Филозофскиот факултет на УКИМ, на кој на студенти со тригодишни стручни студии во измиантите седум години, спротивно на законот, им било овозможено да запишуваат магистерски и докторски студии. 

По извршениот вонреден надзор иснепкторите донеле решение, по кое Филозофскиот факултет постапи, да им се прекинат студиите односно да им се поништи уписот на седуммина запишани на втор циклус (магистерски студии) и на четворица на трет циклус (докторски студии). 

Јаневска завчера соопшти дека Филозофскиот факултет на УКИМ веќе постапува по заклучоците на Инспекторатот и дека го чека извештајот по што ќе донесе конечно решение во врска со случајот. 

Реклама

– Има рокови кои мора да се испочитуваат. Сериозно ќе го разгледам и ќе го прочитам и потоа ќе постапам така како што одлучил Државниот просветен инспекторат. Овој случај покажува дека Министерството не прави разлика меѓу универзитетите во оваа земја. Затворивме 14 приватни институти, забранивме упис на еден приватен универзитет, што беше и поздравено затоа што постапуваме по закон и бараме квалитет. Еве, и еден државен универџитет покажува неправилност во работата и, се разбира, дека ќе постапуваме секаде, изјави Јаневска пред почетокот на конференцијата за проект со кој се унапредува едукацијата на медицинските сестри. 

Додаде дека за овие процеси е потребно време и дека за разлика од претходно сега постојано се прават евалуации на високообразовните установи. 

-Во изминатиот долгогодишен период Агенцијата за квалитет во високото образование, од нејзиното основање до доаѓањето на новата директорка, немаше направено ни една евалуација. Во овој период Агенцијата има направено огромен број евалуации, а ние во МОН ги добиваме извештаите. Така и ќе продолжиме, без разлика кои универзитети се, дали се државни или приватни, додаде министерката Јаневска.