Примирјето меѓу САД и Иран е пред нова неизвесност откако ситуацијата повторно ескалираше со размена на напади од двете страни минатата ноќ. Американскиот претседател Доналд Трамп остро го нападна иранското раководство обвинувајќи дека го довел во прашање договорениот прекин на огнот.
„Тие се злобни, болни луѓе, водени од болни луѓе, и се сурови и насилни луѓе. Ако имаа нуклеарно оружје, ќе го употребеа. Што се однесува до мене, сè е завршено.“ – изјави Трамп.
Трамп не ја исклучува можноста за продолжување на разговорите преку преговарачи, но смета дека директните напори за постигнување договор биле губење време.Поддршка за американската позиција даде и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.

,,Мислам дека тоа што го направивте синоќа беше апсолутно неопходно. Тоа беше многу силен одговор и јас сум на ваша страна во ова прашање“. – кажа Руте.
Додека Вашингтон тврди дека Техеран не го почитувал договореното примирје, останува неизвесно дали ќе има нов обид за дипломатско решение или конфликтот ќе продолжи.
