Реклама

Нова средба, но без решение: Изборните правила остануваат блокирани во Собранието

Скопје наликува на метропола – граѓаните задоволни од начинот на кој Ѓорѓиевски се фати во клинч со проблемите

Сите аргументи покажуваат дека онлајн или гласањето по пошта е решение кое ќе го подобри изборниот процес

ФЗОМ најави поевтини антикоагуланси и построги правила за препишување

Храната поевтина 1,1%, транспортот за 1,6% – месечната инфлација во негатива, мерките на владата дадоа резултат

Од ривал до сојузник- Герасимовски како можно преодно решение на Филипче за смирување на страстите во СДСМ?

Богдановиќ гостин во вестите на Алфа: Филипче и неговите најблиски продолжуваат да го потонуваат СДСМ под дното.

Бесплатна правна помош – слаба информираност, мала искористеност

Повеќе од 250 хектари земјоделско земјиште изгореа во пожарот во Пробиштип

МВР работи на механизам – казни од „Сејф сити“ и за странските возила

Најмалку 120 доброволци ќе гаснат пожари без пари

„Преку езерото“ годинава од 8-15 јули во Дојран, Струмица и Гевгелија

Прилози

Скопје наликува на метропола – граѓаните задоволни од начинот на кој Ѓорѓиевски се фати во клинч со проблемите

Скопје повторно добива лик достоен за главен град. За само осум месеци,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Скопје повторно добива лик достоен за главен град. За само осум месеци, Орце Ѓорѓиевски започна промени што не може да останат незабележани. За неполна година од својот мандат, со наследени проблеми и долгови до гуша, таткото на градот покажа дека треба само желба и волја за да се покажат резултати. Граѓаните велат дека ефектите од неговото работење се неспорни.

„За многу работи се потруди, ние сме задоволни. Си ја работи работата како што треба. Прават улици, пешачки патеки… Од се што е сработено сме задоволни.“– велат граѓаните.

Градоначалникот не губи време во остварување на ветеното. Започнати се проекти кои стагнираа со децении, се рушат дивоградби, се реконструираат улици, веќе постоечките редовно се мијат, а и хигиената е на високо ниво.

Реклама

Се работи и на намалување на сообраќајниот метеж, Скопје ќе ја добие првата подземна сообраќајница кај „Лимак“. Аеродром и Гази Баба ќе се поврзат со мостот „Генерал Михајло Апостолски“, а од другата страна на градот, граѓаните од Карпош и Ѓорче Петров ќе можат да го избегнат метежот преку мостот кај Љубљанска. Улиците на кои имаше повеќе дупки отколку асфалт се трансформираат во модерни сообраќајници, а резултатите се веќе видливи кај Момин поток.

Еден од најголемите предизвици е јавниот превоз, затоа што последните автобуси беа набавени за време на градоначалникот Трајановски. До крајот на годината Ѓорѓиевски се надева дека ќе пристигнат нови 150 возила. Со цел граѓаните што помалку да ги користат своите автомобили, се работи и на брз рапид транзит систем што ќе сообраќа од Ѓорче Петров до Ново Лисиче, а дополнително скопјани ќе можат и да се вратат во вагоните како превозно средство со новиот градски воз. 

Паралелно се работи и на нови паркови, зеленило, како и нови патеки за пешаци и велосипедисти. Скопјани ќе го добијат назад и Луна паркот, со нова современа опрема, проект кој ќе ја означи новата ера на семејна забава во главниот град.