Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Економија

Привршува реконструкцијата на водоводната мрежа на „11 Октомври“ во Куманово

Привршува реконструкцијата на водоводната мрежа на улицата „11 Октомври“ во Куманово, соопштија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Привршува реконструкцијата на водоводната мрежа на улицата „11 Октомври“ во Куманово, соопштија денеска од Општина Куманово. Со проектот, вреден 24,5 милиони денари, (24.575.304,31) надлежните велат дека се обезбедува посигурно и поквалитетно водоснабдување за жителите. По завршувањето на градежните работи е предвидена целосна санација на коловозот и нормализирање на сообраќајот.

– Со оваа инвестиција обезбедуваме посигурно и поквалитетно водоснабдување за граѓаните. По завршувањето на работите ќе следува целосна санација на коловозот и нормализирање на сообраќајот. Продолжуваме со реализација на проекти што ја унапредуваат комуналната инфраструктура и квалитетот на живот во нашиот град – објави градоначалникот Максим Димитриевски.

Од Општина Куманово апелираат до граѓаните да бидат внимателни и трпеливи поради изменетиот режим на сообраќај за време на изведувањето на работите, бидејќи улицата „11 Октомври“ е една од главните влезни сообраќајници во градот.