Реклама

Капитални инвестиции од 150 милиони денари во Делчево

Мицевски: Додека Филипче бил министер за здравство се криело дека водата била неисправна во повеќе места

Град Скопје со субвенции ќе ги помага старите занаети за да се пренесат на младите генерации

Царината станува дигитална – граничните терминали ќе бидат целосно автоматизирани

Македонија е подготвена да направи сè што ќе побара ЕУ, но нема слепо да потпишува бели листови

Ботови на СДСМ повикуваат на ликвидација на новинари на Алфа- дали Филипче го мотивираше членството да посакува смрт на неистомисленици?!

Му го отвори ли Судот во Струга патот на Марковски за бегство? – Правници предупредуваат за можни злоупотреби

Мицкоски: Во водата во Гостивар се појави нова бактерија, и натаму не може да се пие

„Месеци на практиканство“, студенти ќе одат на пракса во општините

Мицкоски: Следната недела се очекува поголемо поевтинување на дизелот и бензините

Само неколку минути до резултат – МВР воведува брзи тестови за дрога кај возачите

Корупцијата под лупа – институциите го стегаат обрачот околу поткупот

Свет

Пожари во Европа – илјадници евакуирани во Франција, Шпанија, Грција и Турција

Пожарите, поттикнати од топлотниот бран и силните ветрови, се шират низ Јужна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пожарите, поттикнати од топлотниот бран и силните ветрови, се шират низ Јужна Европа и принудуваат многу луѓе да ги напуштат своите домови. Нови пожари избувнаа во Франција, Шпанија, Грција и Турција, а илјадници луѓе беа дополнително евакуирани. Сепак, во Франција и Шпанија, каде што пожарите беа ставени под контрола, евакуираните жители можеа да се вратат во своите домови.

Во Грција во моментов беснеат неколку шумски пожари, од кои најжестоките се на југот од островот Крит. За време на гаснењето загинаа двајца пожарникари, кои во своето возило ја загубиле ориентацијата во густиот чад. Ветерот дувал толку силно што хеликоптерите и противпожарните авиони морале да ги прекинат операциите и да слетаат.

Уште еден пожарникар беше пронајден мртов во близина на пристаништето Гитео на полуостровот Пелопонез. Точната причина за смртта засега не е соопштена.

Реклама

Во Анталија, на југот на Турција, пожарникарите од вторникот се борат со неколку пожари во туристичкиот регион, од кои повеќето веќе се изгаснати, објави државната новинска агенција „Анадолу“.