Реклама

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Прилози

Откриена гробница стара од 4–6 век во близина на Баргала

Во близина на доцноантичкиот град Баргала, штипските археолози открија некропола со гробници…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во близина на доцноантичкиот град Баргала, штипските археолози открија некропола со гробници за кои се претпоставува дека датираат од четвртиот до шестиот век. Станува збор за локалитетот „Џамалџиски гробишта“, кој, според првичните сознанија, се простира на најмалку пет хектари. Археолозите велат дека, според она што досега е откриено на терен, не е исклучено некрополата да зафаќа и поголема површина.

„Откриени се седум до осум гробови и мала гробница. Досега немаме откриено монети, предмети, освен фрагментирана керамика која укажува на тој период. Меѓутоа, типовите на овие гробници соодветствуваат со доцната антика“, изјави Митко Штерјов, археолог во Музеј на град Штип.

За попрецизно датирање на гробовите ќе бидат потребни дополнителни антрополошки и научни анализи на човечките коски. Археолозите не ја исклучуваат можноста локалитетот да крие и постари археолошки наоди. Невообичаената поставеност на дел од гробниците остава можност тие да потекнуваат и од период пред доцната антика.

Реклама

„Можеби овде ќе се најдат и постари гробници и ќе го вратиме периодот малку поназад. Бидејќи во околината на овој простор имаме и железнодобски населби и гробишта. Со понатамошните истражувања можеби ќе можеме и назад да се вратиме и да докажеме дека животот постоел и многу порано, во третиот век, кога Баргала почнала да опстојува како цивилна населба“, изјави археологот д-р Митко Штерјов.

Археолошките истражувања на локалитетот ќе продолжат и во наредниот период, со цел да се утврдат неговиот целосен обем и значење. Инаку, уште во 2012 година на „Џамалџиски гробишта“ биле регистрирани нелегални ископувања од страна на диви копачи, по што локалитетот е евидентиран од археолозите.