Отворен романскиот информативен центар во Скопје. Ова здружение кое поддржано од Владата на Романија, преку Одделот за Романците во Странство, се отвора со цел подобрување на билатерната соработка меѓу Романија и Македонија во областа на културата, образаванието, јазикот, фолклорот, екологијата, бизнисот, медиумите. Сите кои беа на отворањето на овој центар потенцираат дека политиката нема да биде тема на нивни интерес.
Отворањето е помогнато и од Влашката културна асоцијација во Македонија, од каде потенцираат дека Власите и Романците не се една нација, но целта е помош за зближување на културите меѓу двете држави.
