Реклама

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Економија

Општина Кисела Вода гради нова водоводна мрежа на улица „Речиште 1“

Градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска денеска направи увид во почетокот на градежните активности…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска денеска направи увид во почетокот на градежните активности за изградба на нова водоводна мрежа на улицата „Речиште 1“, во Драчево, информираат од Општината.

Со овој инфраструктурен проект, чија реализација е целосно финансирана од Општина Кисела Вода, велат оттаму, се поставуваат нови водоводни цевки во должина од 310 метри. Дополнително, Општината ги покрива и трошоците за изведба на приклучоци за водомери, со што домаќинствата од овој дел на општината добиваат сигурно и стандардизирано водоснабдување.

-Денеска сме на улицата „Речиште 1“, во Драчево, каде започнуваме со изградба на нова водоводна мрежа. Со овој зафат решаваме еден горлив проблем, бидејќи недостигот на основна водоводна инфраструктура не смее да биде дел од денешницата. Семејствата од овој дел на општината добиваат соодветен пристап до вода за пиење и нови приклучоци за водомери. Општина Кисела Вода во целост ја финансира реализацијата на овој проект, потврдувајќи ја нашата стратешка определба за инвестирање во решенија кои суштински го унапредуваат секојдневието на граѓаните – вели градоначалничката Стаменкоска Трајкоска.