Реклама

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Македонија

Нов подвиг на младиот Марко – за едно деноноќие преплива 64 километри во Охридското езеро

Шеснаесет годишниот Марко Пејчиноски тоа чудо од дете кое поместува граници,кое и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Шеснаесет годишниот Марко Пејчиноски тоа чудо од дете кое поместува граници,кое и покрај здравствените проблеми и ретката болест не поткленува пред целта која си ја постави и гордо граби остварувајќи го своите соништа. По испливани 64 километри на релација Охрид-Струга-Свети Наум-Охрид, после 21час 41 мин и 48 секунди поминати во вода,Марко утрово околу 9.30 мин пристигна на охридското пристаниште. И овој свој подвиг Марко го посвети на неговата прерано почината мајка.

  • Како се чувствуваш? Супер,супер,но уморно.Што беше за тебе најголем проблем,што ти го отежнуваше пливањето? Повеќе работи ,повеќе.Што беше за тебе мотив за овој подвиг? Да си ја поправам грешката од 2019-та.Претпоставувам имаше и друга мотивација? Да,мама – вели Марко.

Пред 3 години се обиде да ги преплива овие 64 километри но поради болки во ногата, тогаш мораше да се откаже.Но соова сакам да Ве инпирира и Вас, без разлика колку нешто изгледа тешко во животот, не значи дека е невозможно, без оглед на препреките кои Ви стојат на патот, не смеете да се откажувате-порача Марко кој беше пречекан од стотици охриѓани од чии очи течеа солзи радосници.

Марко ни докажа дека се’ е возможно,велат официјалните набљудувачи кои го следеа додека тој со часови пливаше под ведро небо цела ноќ.

Реклама
  • Тој има преголема мотивација и кога ќе си зацрта нешто,си ја исполнува својата желба и ова беше исто доказ за сите нас дека ако нешто сакаме ,ако имаме мотивација, дека можеме да го оствариме-Мартина Балеска-набљудувач.

 Марко одлично се справи со силната струја која се движеше во спротивен правец од правецот во кој тој пливаше-велта набљудувачите изненадени не само од неговиот подвиг,туку и од бризната шти ја постигна.

  • Горди сме сите на него секако требаат натчовечки напори,ова е нешто вонсериско,не е нешто што секојдневно можеме како подвиг да го видиме и да бидеме сведоци на тоа. Состојбата на Марко сите добро ја знаеме, тој генерално 99% работи само со рацете,нозете само ги одржува, така да тоа уште повеќе му дава тежина на целиот пдовиг вели Миле Јовановски-набљудувач.

Официјалните набљудувачи кои го верификуваа подвигот и ги евидентираа сите потребни параметри, кои ќе бидат испратени до соодветната светска асоцијација за пливачки подвизи. Со денешниот подвиг Марко ги комплетира најавените 10 препливувања на разни релации на Охридското Езеро, во вкупна должина од 250 километри, нешто што до сега никој го нема направено.

Росица Голабоска