Реклама

Директорот на Агенцијата за иселеништво Ангелов: Дијаспората бара електронско гласање

Откриена гробница стара од 4–6 век во близина на Баргала

Нова средба, но без решение: Изборните правила остануваат блокирани во Собранието

Скопје наликува на метропола – граѓаните задоволни од начинот на кој Ѓорѓиевски се фати во клинч со проблемите

Сите аргументи покажуваат дека онлајн или гласањето по пошта е решение кое ќе го подобри изборниот процес

ФЗОМ најави поевтини антикоагуланси и построги правила за препишување

Храната поевтина 1,1%, транспортот за 1,6% – месечната инфлација во негатива, мерките на владата дадоа резултат

Од ривал до сојузник- Герасимовски како можно преодно решение на Филипче за смирување на страстите во СДСМ?

Богдановиќ гостин во вестите на Алфа: Филипче и неговите најблиски продолжуваат да го потонуваат СДСМ под дното.

Бесплатна правна помош – слаба информираност, мала искористеност

Повеќе од 250 хектари земјоделско земјиште изгореа во пожарот во Пробиштип

МВР работи на механизам – казни од „Сејф сити“ и за странските возила

Економија

Николоски: Завршивме со реконструкција на железничката обиколница Скопје, линија Драчево – Илинден

Завршена е реконструкцијата на железничката обиколница Скопје, пруга од Драчево до Илинден…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Завршена е реконструкцијата на железничката обиколница Скопје, пруга од Драчево до Илинден со што се овозможува пренасочување на товарните возови надвор од Скопје. По оваа делница ќе се одвива исклучиво товарниот железнички сообраќај што ќе овозможи подобра организација и развој на целокупниот транспорт.

– Драго ми е што правиме тест возење на обновениот железнички коридор, практичната обиколница на Грaдот Скопје, линијата меѓу Дрaчево и Илинден,  со која што товарните возови се вадат надвор од Градот Скопје, изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски кој заедно со директорот на Железници Инфраструктура Синиша Ивановски извршија увид и тест возење.

Со реализација на овој проект, според Николоски, многу се помага во заштита на животната средина и намалување на загадувањето во Скопје имајќи предвид дека товарните возови нема да влегуваат во Град Скопје.

Реклама

– Ова е проект кој го работеше ЈП Железници Инфраструктура, го заврши во максимално брз рок, во моментов има тест период, за што е потребно да се направи и технички прием и очекувам за дваесетина дена карго возовите да ја користат оваа делница. Тоа ќе значи многу за заштита на животната средина и за намалување на загадувањето во Скопје од една страна, но од друга страна ќе значи побрз карго сообраќај на Коридор 10, што ќе значи повеќе бизнис и повеќе железнички композициии на македонските пруги што многу ќе приоднесе за развој на бизнисот и целокупниот транспорт, истакна Николоски.

Најави дека не подоцна од 1 септември ќе биде пуштен и Градскиот воз, односно првата линија којашто ќе оди од Зелениково преку Драчево до центарот на Скопје.

Видеото може да го погледнете на следниот линк: