Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Економија

Мицкоски: Спортот продолжува да ни биде еден од врвните приоритети во периодот кој следи

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека во периодот што следи спорот ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека во периодот што следи спорот ќе продожи да биде еден од врвните приоритети на Владата, при што нагласи дека во моментот работат на неколку позиции во државата во однос на инвестирање во различни спортски објекти.

-Работиме на неколку позиции во државата кога станува збор за спортски центри, базени, сали, игралишта. Една сала веќе е пуштена во Скопје, салата Расадник, еден европски тип на објект, кој спортистите можат да го користат – рече премиерот одговарајќи на новинарско прашање за планираните инвестиции во спортот денеска по поставување камен темелник на изградба на затворен базен во ООУ „Ацо Шопов“, во Општина Бутел. 

Мицкоски нагласи дека станува збор за десетици милиони евра директни инвестиции во инфраструктурата и додаде дека во периодот, кој следи продолжуваат со поддршка на спортските клубови и на луѓето кои се занимаваат со спортот.

Реклама

-Така што со самото тоа што го формиравме Министерството и го консолидиравме спортот во периодот кој следи спорот продолжува да ни биде еден од врните приоритети и да го завршиме сето она, кое го почнавме – изјави Мицкоски.

Мицкоски истакна дека денеска присуствувал на поставување на камен темелник за изградба на затворен базен во ООУ „Ацо Шопов“, во Општина Бутел и додаде дека доградбата на училиштето  ќе додаде вредност во квалитетот на животот на луѓето од Општината и од овој дел од Радишани.

-Чувствувам дека со овие проекти успеваме полека но сигурно да обезбедиме подобри услови за живот на граѓаните во сите општини низ целата територија на државата, тоа значи дека проектот ја постигнал својата цел, полека но сигурно ги завршуваме со воведување во работа или поставување камен темелник оние проекти коишто сè уште не беа отпочнати, оние коишто се отпочнати ги завршуваме и веќе размислуваме за следната 2027 година да реплицираме слична ваква иницијатива бидејќи навистина се покажа како успешна – нагласи премиерот.