Реклама

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Македонија

Манасиевски: СДСМ и Левица настапуваат синхронизирано, ставовите на Венко Заев денес се утрешни ставови на Апасиев

Ставовите на Венко Заев денес се утрешни ставови на Апасиев, односно она…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ставовите на Венко Заев денес се утрешни ставови на Апасиев, односно она што го вели СДСМ, утредента го повторува политичката партија Левица. Веќе се потврдува договорот помеѓу СДСМ и Левица за координирано дејствување кога станува збор за блокирањето на новиот Изборен законик. Очигледно е дека нивните ставови не се разликуваат, напротив тие се надополнуваат, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ за прес-конференцијата на портпаролот Валентин Манасиевски. 

Не е случајност што и СДСМ и Левица се противат на решението македонската дијаспора да добие полесен пристап до гласањето. Заедничката цел на политичката партија Левица и СДСМ им е да го спречат проширувањето на демократското право на нашите иселеници и да создадат нови пречки во изборниот процес.

Се повеќе им станува јасно на граѓаните дека синхронизацијата на ставовите на Венко Заев и Апасиев, е однапред договорена политичка стратегија.

Реклама

ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да се залага за донесување на Изборниот законик со широк политички консензус, за спроведување на реформите и за обезбедување можност македонската дијаспора да го оствари своето право на глас на поедноставен начин.