Реклама

Нова средба, но без решение: Изборните правила остануваат блокирани во Собранието

Скопје наликува на метропола – граѓаните задоволни од начинот на кој Ѓорѓиевски се фати во клинч со проблемите

Сите аргументи покажуваат дека онлајн или гласањето по пошта е решение кое ќе го подобри изборниот процес

ФЗОМ најави поевтини антикоагуланси и построги правила за препишување

Храната поевтина 1,1%, транспортот за 1,6% – месечната инфлација во негатива, мерките на владата дадоа резултат

Од ривал до сојузник- Герасимовски како можно преодно решение на Филипче за смирување на страстите во СДСМ?

Богдановиќ гостин во вестите на Алфа: Филипче и неговите најблиски продолжуваат да го потонуваат СДСМ под дното.

Бесплатна правна помош – слаба информираност, мала искористеност

Повеќе од 250 хектари земјоделско земјиште изгореа во пожарот во Пробиштип

МВР работи на механизам – казни од „Сејф сити“ и за странските возила

Најмалку 120 доброволци ќе гаснат пожари без пари

„Преку езерото“ годинава од 8-15 јули во Дојран, Струмица и Гевгелија

Економија

Комисијата за финансирање и буџет го заврши општиот претрес за ребалансот, попладне продолжува со амандманска расправа

Собраниската Комисија за финансирање и буџет го заврши општиот претрес на ребалансот.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Собраниската Комисија за финансирање и буџет го заврши општиот претрес на ребалансот. Седницата ќе продолжи по еден час пауза, со амандманска расправа.

За ребалансот се поднесени 224 амандмани: 87 од ДУИ, 78 од СДСМ, 51 од Левицата и осум од „Вреди“. Според собранискиот Деловник, амадманската расправа може да трае најмногу десет работни дена по што предлог-ребалансот ќе се најде на пленарна седница.

Во текот на денешната претпладневна дискусијаБилјана Кузмановска од ВМРО-ДПМНЕ го повтори партискиот став – дека ребалансот е реален, одговорен и оправдан.

Реклама

– Ниеден буџет не е документ што се носи и цела година останува непроменет. Владата треба да ги препознае новите предизвици и навреме да реагира, тоа го прави и овој ребаланс зад кој стојат ученици, родители, земјоделци, стопанственици… Не очекувам за сè да се согласиме со опозицијата, но наша обврска е да носиме одлуки. Дополнителните средства се насочуват кон продуктивни трошоци, пред сè, кон капиталните проекти. Тоа значи повеќе инвестиции, патишта, училишта и болници, повеќе проекти во општините. Се обзбедуваат и средства за здравството, социјалната заштита, земјоделството, ученичкиот и студентскиот стнадард, како и за мерката „Мој ДДВ“. Слушнавме песимистички прогнози за економијата, но денеска фактите покажуваат поинава слика – стабилен раст и нови работни места, што е резултат кој не може да се игнорира. Владата ги слуша барањата на граѓаните и работи во нивен интерес – истакна Кузмановска. 

Претходно, Бисера Костадиновска-Стојчевска од СДСМ оцени дека со ребалансот власта крати од инвестициите во културата, а културното наследство нема приоритет. Според неа, културата, јазикот и културното наследство не смее да бидат последна ставка во буџетот. Потребна е политика што ќе ги штити и развива, а не политика што ќе ги запоставува. 

– Ребалансот на буџетот уште еднаш покажа дека културата не е приоритет за оваа власт. Наместо инвестиции во културното наследство, македонскиот јазик и капиталните културни проекти, се крати таму каде што државата има обврска да заштитува и да вложува. Зад бројките се крие јасна политика на запоставување на културата, но и сериозен проблем со транспарентноста во трошењето на јавните средства. Се намалуваат парите за Инспекторатот за употреба на македонски јазик, за реконструкцијата на Музејот на Република Северна Македонија и за Агенцијата за филм. Две години конкрусот за инфраструктурни проекти не е видлив, не знаеме каде се објавува. Тоа е директно кршење на Законот за културата зашто нема да дознаеме кој, за што и како ќе ги добие парите. Министерот две години го крши законот со необјавување на резултатите од годишните конкурси и одобрените финансирања – истакна пратеничката.

Дијана Илиевска од ВМРО-ДПМНЕ рече дека ребалансот е реален и претставува потврда за одговорното управување со јавните финансии. 

– Владата има должност да создава подобри услови за живеење со оглед дека ја доби довербата од граѓаните. Оваа обврска Владата успешно ја исполнува. Ребалансот е прецизно изготвен и развоен зашто граѓаните ќе добијат подобри патишта, локална инфраструктура, водоводи, канализации, подобри здравствени услуги и здравстевни установи, а отвора и перспективи за младите преку мерки и поддршка. Дојде време кога парите на граѓаните се враќаат назад – потенцира Илиевска.

Според Фатмир Битиќи од СДСМ, овој ребаланс е само финансиска обдукција на промашеното владино планирање. 

– Владата не успеа да покаже буџетски правец кон посилна економија и затоа прибегнува кон сметководствени комбинации. Даночната основа слабее, акцизите паѓаат, а Владата се обидува тоа да го претстави како стабилност. Тоа е исто како домаќинство што зема заем, а вели дека му пораснал буџетот. Тоа не е раст, туку преживување на кредити. Владата, всушност, ја крпи буџетската дупка, а вели дека ребалансот е развоен, но притоа не кажува дека тековните расходи растат – нагласи пратеникот од СДСМ.

На Битиќи му реплицира Бојан Стојановски.

– Ова што го кажавте е недоволно аргументирано. Она што нема како, тешко е да се нападне. Со ребалансот ќе имаат сите многу повеќе. Не постои место во оваа држава што не е допрено од проектите што ги финансира оваа Влада. Така и ќе продолжиме во наредните шест месеци уште повеќе. Денес, Македонија е држава во која се градат гасоводи, автопати, градинки, училишта, амбуланти… Затоа јас се споредувам само со ВМРО-ДПМНЕ од минатата година, а не со некој што бил многу послаб. Подобри сте биле од нас само во однос на јавниот долг – му порача Стојановски на Битиќи.

За збор се јави и заменик-министерот за финансии, Николче Јанкуловски, кој на опозициските пратеници им порача дека треба да им се извинат на граѓаните за економските политики што ги воделе додека биле на власт. 

– Добро е што се потсетивме на двете економски доктроини од последната деценија – едната оваа, актуелната и прогресивна, и другата – назадната, што владееше до 2024 година. Имате период за споредување, а добро е и граѓаните да видат директно од креаторите на тогашните економски политики. Седум години, седум буџети, 14 ребаланси и ниеден не спомна каков раст испорачавте. Просекот беше максимум два проценти за сите седум години. Ако беше спротивно, сега ќе беше многу поинаку. Сметам дека лично треба да се извините, па потоа да кажувате како треба оваа Влада да работи. Последните осум квартали она што го ипсорачуваме како буџети и ребаланси носи резултати: 3,5 отсто раст на домашната економија, в година пуштен автопат Кичево – Охрид, делница Битола – Прилеп и уште многу проекти во сите сфери. Бројките проектирани со ребалансот заслужуваат внимание зашто ги реализираме. Тоа го покажавме измината година, а со уште поголем интезитет ќе продожиме да го правиме и во наредниот период – истакна Јанкуловски.

Му реплицира пратеникот Благој Бочварски.

– Очекував да слушнам повеќе дискусија, со тежина, со бројки. Оставете ги политичките флоскули, нив раскажувајте си ги во партија. Се споредувате со време кое не е споредливо. Инаку, 710 милиони евра се реализирани во 2023 година за капитални инвестиции, што е најмногу досега – рече Бочварски.

Во рамките на општиот претрес, кој почна на 3 јули, пратениците од власта и опозицијата ги спротивставија ставовите – според ВМРО-ДПМНЕ, ребалансот има развојна компонента и предвидува нови, сериозни инвестиции во капитални инфраструктурни проекти, што ќе значи дополнителна екномска активност, нови работни места и подобар животен стандард, а според СДСМ, проекциите се нереални, несериозни и тешко остварливи, базирани на преоптимистички очекувања.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, кога го образложуваше ребалансот, истакна дека предвидените измени во буџетот не се резултат на недостиг на приходи или нарушена ликвидност, туку на потребата буџетските проекции да се усогласат со актуелните економски услови. Според неа, со ребалансот се обезбедуваат дополнителни средства за редовна исплата на плати во секторите во кои има зголемување, за поддршка на земјоделството, социјалната заштита, општините и за интензивирање на капиталните инвестиции.

Со ребалансот вкупните приходи се ревидираат на 379,2 милијарди денари, што е зголемување за речиси 4,2 милијарди денари или 1,1 отсто во однос на иницијалниот буџет за 2026 година. Вкупните расходи, пак, се ревидираат на 425,2 милијарди денари. Обезбедени се дополнителни средства за капитални инвестиции, кои достигнуваат речиси 46 милијарди денари и се зголемуваат за приближно 5,8 милијарди денари, зголемување за 14,5 проценти. Во согласност со проекциите, годинава се очекува економски раст од 3,5 отсто, инфлација од 4,5 проценти и буџетски дефицит 4,1 отсто од БДП.