Реклама

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Македонија

Ковачевски на вонредна прес-конференција за да каже ништо ново – Болниците и училиштата ќе добиваат поевтина електрична енергија

„Премиере, вие тоа што го знаете го знаете за вас. Граѓаните немаат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести
  • „Премиере, вие тоа што го знаете го знаете за вас. Граѓаните немаат телепатија со вас да знаат..“

Новинарите очекуваа конкретни бројки од премиерот Ковачевски, за веќе договорени количини на струја и гас, а за возврат добиваа неодговорни, и недолични одговори, полни со  подбив и цинизам. На сите прашања недостасуваа  вистински одговори. Премиерот Ковачевски, драматично повика на прес конференција во 21 часот за да им каже на новинарите како топланите ја  загревааат вода која минува низ радијаторите на скопјани, и сето тоа ќе било завршено до 15 октомври. Неговите колеги во владата пак ги викна да му бидат поддршка во неговиот лош смисол за хумор, во уште полоши времиња.

  • „На 15-ти октомври мора да има парно во државата. – Како? Тоа е прашањето. – Со греење на вода во топланите, ние ќе испорачуваме до домакинствата. – Како ЕСМ ќе испорача, се договоривте ли со Адора? Граѓаните тоа ги интересира.“

И по вонредниот прес, на Ковачевски и владиниот економски тим, повторно не се знае од каде Македонија ќе набави гас, а уште помалку електрична енергија, но, за премиерот тоа било глобален проблем, па оттука и наш.

  • Цената на електрична енергија во Европа е висока, бидејќи има недостаток на базна електрична енергија.. вели Ковачевски.

И додека останатите земји одамна преземаат конкретни мерки за да излезат што е можно побезболно од, како што вели Ковачевски – глобалниот проблем, македонската влада сеуште гази со бебешки чекори. Големи надеж се полага во разговорите за гас со Србија. Северниот сосед да ни даде гас, ние да го преработиме во „ТЕ-ТО“ за да им вратиме електрична енергија. Но експертите веќе предупредуваат дека Србија гасот кој ќе треба да ни го продаде нам, го купува од „Гаспром“ и не ќе може да ни го препроде. Дури, и „Гаспром“ да прифати такво нешто, новата пречка ќе биде Бугарија односно дозволата која ќе треба да ја добиеме за да го транспортираме до Македонија. Но во целиот хаос со кој се соочува земјата премиерот беше загрижен дали новинарите ги плаќаат сметките.

Реклама
  • „Прво ако добро сте следеле и ако си ги плаќате сметките, незнам дали дома плаќате сметки“.. рече Ковачевски.

Ковачевски доцна синоќа на вонредниот прес се интересираше и дали нашиот медиум знае за војната во Украина и дали известува за тоа.

  • „Јас се надевам дека вие како медиум следите дека во Европа има војна. Само ако ги видовте вестите од утрово што се случуваше со цефководите во северот од Европа, тогаш ќе ви станеше јасно дека ќе има повторно енермно зголемување на цената на гасот“ вели Ковачевски.

Од  синоќешниот прес на премиерот, кој слободно можеше да се одржи и денеска, со оглед на тоа што не соопшти речиси ништо ново, може да се издвојат мерките со кои училиштата и болниците преминуваат на регулираниот пазар, но, најверојатно ќе плаќаат високи сметки бидејќи ќе влезат или во третата  или четвртата блок тарифа за скапа струја. ЕСМ конечно ќе може да побара лиценца од Регулаторот и Град Скопје бидејќи ја доби владината дозвола за оваа грејна сезона да им ги затоплува радијаторите на скопјани. Според член шест, како што вели Ковачевски, „Адора Инжинеринг“ не ќе може да преговара и ќе мора да ги даде под закуп  топланите исток и запад.

Викторија Миткова