Реклама

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Муцунски: Нема промена на македонските позиции

Вардар се исчисти од белата пена – се чекаат резултатите од испитувањата

Гостиварчани да бидат потрпеливи, се работи на отстранување на проблемот – потребно е подолго време да се нормализира состојбата

Одлуката на УНЕСКО за Охрид е значаен дипломатски успех на државата

Нов член на Владата: Зејнула избран за министер без ресор, СДСМ гласаше против, иако немале ништо лично против него

Продолжува опремувањето на македонските касарни, во прилепската – изграден воен хангар во вредност од 10,5 милиони денари –

Прилози

Истокот ги санира последиците од невремето

Истокот ги санира последиците од силното невреме што во вторникот го зафати…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Истокот ги санира последиците од силното невреме што во вторникот го зафати регионот. Најпогоден беше Штип, каде силниот ветер оштети повеќе објекти и инфраструктура. За целосна санација на кровот на Основното училиште „Ванчо Прќе“ ќе бидат потребни околу еден милион денари, додека пресметката за реконструкција на оштетениот дел од кровната конструкција на Клиничката болница сè уште се изработува.

На Клиничката болница во Штип е направена првична санација на оштетениот дел од кровната конструкција, со цел да се спречат дополнителни штети при нови врнежи. Во тек е отстранување на шутот, а поради работите привремено е променет пристапот на возилата и пациентите. Пациентите со скршеници сè уште се препраќаат во други здравствени центри. Колку ќе чини целосната санација, дополнително ќе биде познато по завршувањето на проценката, информираат од штипската Клиничка болница.

Во меѓувреме, граѓаните ги пријавуваат штетите предизвикани од невремето, а општинските комисии се веќе на терен и вршат проценка на последиците. Штети има во повеќе општини во источниот регион, каде што силниот ветер корнеше дрвја и кровови. По завршувањето на проценката ќе биде познато колкава е вкупната штета. Само во Пробиштип досега се пристигнати над 100 пријави од граѓани.

Реклама

„Најголемиот дел од нив се однесуваат на оштетени кровови на куќи, помошни објекти, како и гаражи, настрешници, фасади, оштетени возила… Евидентирани се оштетувања и на јавни објекти и институции. Службите се на терен и санацијата на овие оштетувања е во тек“, изјави градоначалникот на Пробиштип, Тони Тоневски.

По пожарите минатиот месец, кога во источниот регион изгореа стотици хектари површина, сега општините се соочуваат со нов предизвик – санација на штетите од невремето. Проценките на терен продолжуваат, а допрва ќе се утврдува вкупниот обем на последиците што ги оставија пожарите и невремето.