Реклама

Најмалку 120 доброволци ќе гаснат пожари без пари

„Преку езерото“ годинава од 8-15 јули во Дојран, Струмица и Гевгелија

Демократија на зборови, на дело сосем обратно: И Славјанка Петровска се најде на листата на Венко Филипче за „отстрел“

Нов автопат Скопје-Блаце, изградбата ќе започне во август

Експерти: Со предвемената отплата на еврообврзницата се стабилизра јавниот долг

Димитриеска-Кочоска: Јавните финансии стабилни, даночните приходи растат и се резултат на редовната економска активност

Фаризи: Владата се движи на прав пат и ги исполнува очекувањата на граѓаните

Решен проблемот со лекот за пациентите на дијализа во струшката болница

Над 1.200 проекти низ општините – Кавадарци добива современ спортски комплекс

Меѓуврсничко насилство: Се почесто или само повеќе видливо заради социјалните мрежи?

Мицкоски: вратен долг од претходната Влада во износ од 700 милиони долари

Мицкоски: Опозицијата го бојкотира изборниот законик да не испорачаме 10 од 10 од реформската агенда

Македонија

Изгаснат пожар кај „Прмакови ниви“ во Куманово,повторно гореше сува трева

Пожарот што денеска избувна кај месноста „Прмакови ниви“ во Куманово е изгаснат,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пожарот што денеска избувна кај месноста „Прмакови ниви“ во Куманово е изгаснат, информираа од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ). На терен интервенирала една противпожарна екипа со две лица, а горела сува трева. Пожарот кај месноста „Прмакови ниви“ е локализиран и изгаснат со брза интервенција на кумановските пожарникари.

-На пожарот е интервенирано со една екипа, едно возило и двајца пожарникари. Гореше сува трева- изјави командирот на смена во ТППЕ Куманово, Чедомир Кипријановиќ.

На потегот од Спомен-костурницата до населбата „Перо Чичо“, во изминатиот период е меѓу местата каде често избувнуваат пожари на отворен простор. Жителите од овој дел на градот повеќепати реагираа поради чадот од запалената сува вегетација и отпад. Поради зачестените пожари, кон крајот на јуни заседаваше Општинскиот штаб за заштита и спасување, кој донесе повеќе мерки за превенција. Меѓу нив се формирање заеднички тимови на општинскиот инспекторат и МВР за надзор на критичните локации, како и воспоставување привремен пункт на Противпожарната единица кај Спомен-костурницата за побрза интервенција.

Реклама

Од локалната самоуправа претходно апелираа граѓаните да не палат оган на отворено, да пријавуваат сомнителни случаи на намерно предизвикување пожари и редовно да ги одржуваат површините околу своите објекти, со цел да се намали ризикот од нови пожари.