Реклама

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Економија

Директорот на ТИРЗ на средба со белгиско-македонскиот бизнис клуб и Euro-Tech Distribution

Директорот на Дирекцијата за ТИРЗ, Гоце Димовски, денеска оствари средба со претставници…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Директорот на Дирекцијата за ТИРЗ, Гоце Димовски, денеска оствари средба со претставници на белгиско-македонскиот бизнис клуб и француската компанија Euro-Tech Distribution. Средбата опфати разговори во насока на тековните активности, а беа презентирани и можностите кои ги нудат технолошките индустриски развојни зони, како и поволната деловна клима во државата, соопштуваат од ТИРЗ.

– Директорот Димовски истакна дека привлекувањето квалитетни странски инвестиции останува еден од клучните приоритети на ДТИРЗ, со фокус на проекти кои создаваат додадена вредност, отвораат нови работни места и придонесуваат за одржлив економски раст. Тој нагласи дека целта е преку партнерски однос, ефикасни институции и стабилна и предвидлива деловна средина да се создадат услови за нови инвестиции со долгорочен позитивен ефект врз македонската економија – стои во соопштението.

Од страна на претставниците на белгиско-македонскиот бизнис клуб и француската компанија Euro-Tech Distribution, како што дополнуваат, бил изразен особен интерес за можностите што ги нуди Македонија како инвестициска дестинација. Воедно, беше истакната подготвеност за понатамошна комуникација и размена на информации во насока на разгледување на конкретни можности за инвестирање и воспоставување натамошна соработка.

Реклама

Euro-Tech Distribution е француска компанија специјализирана за развој, производство и дистрибуција на мали апарати и опрема за домаќинство. Со повеќе од 25 години искуство, компанијата нуди широк асортиман на производи, вклучувајќи роботски правосмукалки, роботски чистачи за базени, кујнски апарати, грејни и разладни уреди, како и производи за лична нега. Покрај развојот на сопствени производи, компанијата обезбедува и постпродажна поддршка и дистрибуција на европските пазари, со седиште во Бондју, Франција.