Реклама

Продолжува филмската магија покрај Дојранското Езеро – по петти пат отворен „Преку езерото“

Димитриевски: Од луксузни јахти и летувалишта го блокираат Изборниот законик, а порано притискаа да се смени

Охридската гимназија добива целосно нов лик

Економскиот бенефит пред ниските удари: Финансии прифати амандман на Битиќи

Македонија треба да му плати 3,5 илјади евра отштета на Атанасовски

И покрај деструктивноста на опозицијата, продолжуваме со реформите, потенцира Мицкоски

Вечерва свечено отворање на Филмскиот фестивал „Преку Езерото“

„Твоја Македонија“ со засилување: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доби плус еден пратеник, сега има 59 народни избраници

Во Прилеп промовиран Центарот за е-услуги

Трка со времето за ново срце – триесетина пациенти чекаат телефонски повик за спас

Над 200 овци кај кои беше потврдена овча сипаница се еутанизирани и закопани

Филмскиот фестивал „Преку езерото“ преку уметноста и културата до поддршка на туризмот

Прилози

Димитриевски: Од луксузни јахти и летувалишта го блокираат Изборниот законик, а порано притискаа да се смени

Од луксузни јахти и летувалишта се блокира процесот за донесување на новиот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од луксузни јахти и летувалишта се блокира процесот за донесување на новиот Изборен законик. Од ЗНАМ обвинуваат дека партиите кои претходно се залагаа за изборни реформи, сега го блокираат усвојувањето на законот, иако рокот за негово донесување е до 15 јули.

„Изненаден сум што оние кои многу често се повикуваа на потребата од измена на самиот законик, денеска многу повеќе ги гледаме по најлуксузните летувалишта во регионот, каде што испраќаат од јахти и други луксузни локации политички пораки дека не се согласуваат со истиот и го блокираат самиот процес“, изјави претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски.

Димитриевски смета дека мора да се изнајде соодветна форма како нашите во дијаспората ќе учествуваат на избори. Тој посочи дека тие би го поддржале предлогот за една изборна единица, но доколку е прифатлив и за останатите политички субјекти.

Реклама

„Само треба да се изнајде формата и начинот како тие да го остварат тоа право. Зборувам за учество на парламентарни и претседателски избори. Додека во делот за гласањето на локални избори, тие се резиденти на други општини, во други држави. Во дел од нив и имаат право да гласаат, така што не даваме согласност за таква мерка“, изјави претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски.

Димитриевски посочи дека со преземањето на ресорот земјоделство, приоритет на ЗНАМ во наредниот период ќе биде подобрување на условите за земјоделците.