Реклама

Локализиран пожарот кај „Заград“, пожарникарите и натаму дежураат на критичните жаришта

Македонија се простува од Гоце Тодоровски кој почина на 75 годишна возраст

СДСМ бара оставки од сите, само не од градоначалникот на Гостивар

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Аналитичари: Не постои криза или трагедија од која СДСМ или ДУИ не се обидуваат да профитираат

Лажни македонски информативни портали шират бугарска пропаганда низ интернет просторот

Гостиварци може да здивнат – добија технички исправна вода

Од први септември стартува градскиот воз, големата кражба нема да го попречи планот

Чешиново-Облешево ќе добие прв центар за рехабилитација на штркови

Дивите депонии го гушат Охрид – екоактивистите апелираат да се казнува

Владата е подготвена да интервенира доколку има значителни промени на светските берзи на нафта

Скопје се сеќава – 63 години од катастрофалниот земјотрес

Здравство

Гостиварци може да здивнат – добија технички исправна вода

Протече технички исправна вода од гостиварските чешми. Граѓаните конечно по десет дена…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Протече технички исправна вода од гостиварските чешми. Граѓаните конечно по десет дена неизвесност можат непречено да се тушираат, да мијат садови, да перат и да чистат, но се уште не смеат да пијат и да готват.

Надлежните велат дека системот постепено се стабилизира. Во тек се постојани анализи и засилен мониторинг на квалитетот на водата, со цел гостиварци што поскоро да добијат здравствено исправна вода за пиење. Враќањето на водоснабдувањето значи големо олеснување за илјадници семејства кои изминатиот период се соочуваа со сериозна криза.

По повеќекратни испитувања на водата имаме добиено потврда од страна на експертите од анализите коишто се правени, дека може да се користи како техничка вода, но, пак ќе повторам, не може сe уште да се користи како вода за пиење или пак за приготвување на храна. Сакам лично да изразам огромна благодарност, прво на гостиварчани за нивното разбирање, потоа на сите експерти и луѓе коишто беа вклучени на терен. Тие се тие коишто ги превземаа сите професионални активности во делот на хиперхлорирање, поставување апаратура за да дојдеме до оваа фаза, техничка вода за употреба, а се надевам за брзо ќе ја известиме јавноста точно кога и повторно ќе дојдеме до вода за пиење” – вели министерот, Панче Тошковски.

Реклама

Експертите велат дека во сите анализи водата ги исполнува условите за техничка употреба. Но, чешмите се уште не се безбедни за пиење. Во наредните денови продолжуваат нови мерења на повеќе локации низ Гостивар, а ако резултатите останат добри, надлежните најавуваат дека водата наскоро повторно ќе биде исправна и за пиење.

„Кај сите примероци, три дена последователно, е забележано отсуство на колиформни бактерии и поради тоа што е извршено хлорирање со поголема концентрација, кај примероците не е регистрирано присуство на трихалометани над дозволени граници. Резултатите се доставени на кризниот штаб и на Агенцијата за храна и ветеринарство како надлежен орган“,рече Аневска.

Во најтешките денови од кризата во Гостивар, граѓаните не беа оставени сами. Со поддршка и координација од Владата беа преземени мерки за обезбедување на вода за најпогодените, како и логистичка помош од институциите и населението. Флаширана вода и натаму ќе се доделува на повеќе точки во градот.

Во однос на тоа дали треба да се засили обезбедувањето на водоводните системи – според министерот Панче Тошковски тие не треба да ги обезбедуваат ниту Армијата, ниту Полицијата. Тој вели дека тоа е обврска на институциите кои управуваат со овие системи во рамките на општините.