Реклама

Прогласена епидемија во Гостивар

Сина економија – нова шанса за македонскиот бизнис

Магијата на Свети Наум: Место каде што се спојуваат езерскиот мир, природата и вековната традиција

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Кочанските оризари бараат откупна цена од 35 денари за килограм

Денеска ќе се знае дали ќе има епидемија во Гостивар: Водата не смее да се користи ниту за пиење, ниту за миење, ниту за капење…

Владата утре на состанок со трговците со храна, Мицкоски најави намалување на акцизите на горивата

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Економија

Владата утре на состанок со трговците со храна, Мицкоски најави намалување на акцизите на горивата

Дали ќе има намалување на цените на дел од основните прехранбени производи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дали ќе има намалување на цените на дел од основните прехранбени производи ќе стане појасно по утрешниот состанок меѓу Владата и дел од производителите и дистрибуитерите. На средбата ќе се анализираат набавните и продажните цени, како и трговските маржи. Од Владата очекуваат разговорите да придонесат за понатамошна стабилизација на цените на производите кој се дел од потрошувачката кошничка. Министерот Дурмиши појасни дека дел од трговците неосновано создавале профити на грбот на граѓаните, во период од мај минатата до мај оваа година, со тоа што ја зголемиле бруто-профитната маржа кај одреден број производи, во моментите кога се намалиле набавните цени. Последните контроли на Државниот пазарен инспекторат покажале дека за 12-те месеци набавните цени на основните прехрамбени производи и средства за хигиена, кај повеќе од 700 производи, пораснале за 2,66%, додека продажните цени се зголемиле за 4,56 проценти.

Тоа значи дека дел од растот на малопродажните цени на прехранбените производи и другите производи се зголемуваат поради бруто-профитната маржа која што одредени трговци ја зголемиле оваа година, односно кога се намалиле набавните цени, они не ги намалиле своите цени“, изјави Бесар Дурмиши – министер за економија и труд.

Анализите пак за периодот од март до jуни годинава, покажале позитивен тренд. Од Владата велат дека во овој период набавните цени кај производителите пораснале за околу два проценти, додека продажните цени се зголемиле минимално, што, според Дурмиши, укажува дека растот на трговските маржи се стабилизирал.

Реклама

„Од друга страна, најновата анализа што е направена, исто така за периодот март-јуни 2026 година, покажува поинаков тренд кај производителите, односно набавните цени пораснале за околу 2,04 проценти, додека продажните цени се зголемиле за само 0,16 проценти. Тоа значи дека трендот на зголемување на бруто-профитната маржа крајните месеци е намален и цените се во стабилна фаза“, изјави Бесар Дурмиши – министер за економија и труд.

Најновите податоци на Статистика покажаа месечно намалување на инфлацијата за 0,5%. Цените на храната и безалкохолните пијалоци се намалени за 1,1 процент, а кај транспортот е регистриран пад од 1,6%. Како дополнителна мерка за ублажување на ценовниот шок, Владата размислува да ги намали акцизите на горивата.

„Немаме направено калкулација за покачувањата, ќе има секако, бидејќи нафтата и бензините драматично пораснаа изминатата недела. И курсот на доларот е малку посилен во споредба со претходната недела. Ние како Влада ја продолживме кризната состојба уште три месеци. Цените се такви што сигурно ќе имаме намалување на акцизите и кај дизелот и кај безоловните горива“, изјави Христијан Мицкоски – претседател на Владата на Македонија.

Од Владата уверуваат дека снабдувањето со нафтени деривати е стабилно и дека резервите се доволни за непречено снабдување на граѓаните и стопанството. Сепак домашниот пазар останува под влијание на глобалните случувања, особено поради неизвесноста на Блискиот Исток.