Реклама

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Економија

Божиновска со претставници на германската КФВ: Зајакнување на партнерството во областа на енергетската ефикасност

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска се сретна со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска се сретна со претставници на германската развојна банка КФВ, на која беа разгледани тековните активности и можностите за понатамошно продлабочување на соработката во областа на енергетската ефикасност.

Во фокусот на разговорите беа тековните активности што КФВ ги поддржува за енергетска обнова на студентските домови, како и следните чекори за проширување на инвестициите во обнова на јавни и комерцијални објекти, со цел намалување на потрошувачката на енергија, подобрување на условите за користење и долгорочни финансиски заштеди, соопшти Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини.

„Енергетската ефикасност е еден од најисплатливите начини да создадеме поквалитетни јавни услуги, пониски трошоци и поодржлив енергетски систем. Нашата цел е да го прошириме опфатот на ваквите проекти и да создадеме систем што ќе носи мерливи резултати и за институциите и за граѓаните“, истакна министерката Божиновска.

Реклама

На состанокот беше направен осврт и на успешните практики што се спроведуваат во земјите од регионот, при што беа разгледани можностите за размена на искуства и примена на докажани модели во Македонија, со цел побрза реализација на идните инвестиции во енергетската ефикасност.

Посебен акцент беше ставен и на воспоставувањето и ставањето во функција на EPC-системот, кој претставува клучна алатка за мониторинг, верификација и управување со сертификатите за енергетска ефикасност. Неговото целосно оперативно функционирање ќе овозможи поголема транспарентност, подобро следење на резултатите од спроведените мерки и поквалитетно планирање на идните инвестиции, посочуваат од Министерството и наведуваат дека продолжуваат да ги зајакнуваат партнерствата со меѓународните финансиски институции, со јасна цел – повеќе инвестиции во енергетската ефикасност, помодерна јавна инфраструктура и одржлив енергетски развој во интерес на граѓаните и економијата.