Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Прилози

📹 Повторно одложено судењето за случајот со родилката Веапоска

Повторно одложено судењето за родилката од Дебар Веапоска која остана без бубег,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Повторно одложено судењето за родилката од Дебар Веапоска која остана без бубег, матка и јајник-овој пат поради адвокатот на екс директорот на струшката болница Мухамед Асани кој е на седумдневно боледување. Судењето сега се одлага за септември, затоа што од 15-ти јули судиите одат на одмор,со ова маратонскиот судски процес кој се влече цели 3 години не само што е далеку од пресуда, туку може и да застари.Ова е кукавичка тактика на одбраната,целта е да добијат на време, реагира адвокатот на Веапоска кој најави дека ќе реагира до соодветните институции.

 Апсолутно ќе одам до крај, ќе ги испитам сите моменти за издавањето на оваа документација бидејќи апсолутно е симптоматично два дена пред судењето да се разболите на начин што не сте способни да се судите, има можности во правото да се даде замена.Колегите верувам од адвокатските канцеларии имаат свои вработени.Меѓутоа мислам дека и јавниот обвинител треба сериозно да превземе дејствија дали навистина одбраната ги пречекорила своите овластувања, дали одбраната ги злоупотребила правата и дали лекарите дале вистинска медицинска документација – вели Сашо Јанев,адвокат на Веапоска

Од април 2024-та до сега е одржано само едно рочиште,бидејќи безмалку една година се чекаше супервештачење од судско медицински одбор при Медицинскиот факултет.

Реклама

Факт е дека поминало многу време,се менуваа судии,се смена обвинител почнуваше цело време од нови и затоа сметам дека до некого ова треба да допре вели судијата Јордан Јованов

Ова се само дел од причините за одлагања на рочиштата.Последното рочиште во јуни се одложипоради отсуство на еден од од обинетите лекари Блертон Асани кој меѓудругото по трет пат го менува адвокатот. Но тоа не е единствената причина, одбраната на екс директорот Мухамед Асани поднела кривична пријава против вештите лица кои што го изготвувале супервешатачењето кое е едно од клучните докази во постапката.Неизвесно е кога ќе продолжи судењето во септември. Скандалот со родилката се случи на 31 август 2020-та година. Од мене направија инвалид-неутешна е Веапоска која на свои 32 години никогаш повеќе не ќе може да стане мајка.