Реклама

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Прилози

🎥 Во ЈСП буквално гори: Автобусите повторно вивнуваат во пламен, додека Арсовска води политичка кампања

Како да не е доволно што на 40 степени треба да се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Како да не е доволно што на 40 степени треба да се возите со автобус, па уште и треба да го чекате со часови, ако воопшто стигне. А кога ќе се качите во него, треба да ви е страв дека тоа може да ви биде последно возење. Повеќето остануваат со дефект, а не ретко пламнуваат во оган или се превртуваат. Последниот инцидент во низата беше вчера кај фабриката Цементарница во Кисела Вода, кога втобусот со број 13 кој патувал од Железара се запалил во делот на моторот.

Благодарение на брзата реакција на возачката – единствена жена во ЈСП што вози, која веднаш го почувствувала чадот и   алармирала, па патниците навреме излегле и затоа нема повредени. Огнот не можел да го изгаснат затоа што еден од противпожарните апарати во автобусот, не работел, а вториот бил без црево. За среќа наишол друг автобус, па биле искористени апаратите од кај него.

Поради вдишениот чад, возачката итно била пренесена во болница, но по неколку часа откако ѝ била утврдена стабилна состојба, пуштена е дома. Граѓаните реагираат. Бараат одговори, решенија и обнова на градскиот возен парк. Велат на овие пеколни температури е неподносливо да се патува со автобус во Скопје.

Реклама

Сето ова се случува додека градоначалничката Арсовска бистри политика и се пресметува со колегата од Чаир, Висар Ганиу. Објавува  фејсбук статуси за дивоградбите во Чаир, наместо да се занимава со решавање на вистинските проблеми кои ги тиштат скопјани. Реакција стигна и од синдикатите кои велат дека возачите трпат притисоци од своите претпоставени. Велат дека се приморани да возат расипани автобуси иако навреме ги пријавуваат дефектите.

„Ние ги знаеме точно проблемите што ги имаат возачите. Точно знаеме што проблеми имаат самите возила, ама директорот само вика, толку знам“, изјави Меџит Идризи – Генерален Секретар на СПАЈС.

„Возачите му алармираат на шефот дека возилото не е добро, они му прават шефовите во ЈСП, тие што се главните јунаци, херои во ЈСП, му прават да речеме таков проблем и притисок на секој возач кај што му налагаат задолжително да седне на возило. Па дури имало возила без антифриз“, изјави Гоце Делчев – Генерален Секретар на КСОМ

Синдикатите алармираат дека само 40% од возниот парк на ЈСП е технички исправен. Во последните 12 месеци – најмалку пет автобуси на ЈСП се запалија – а поради дефект еден заврши директно во жардињера.